Регион
Нишани ќе го врати назад во Собранието законот за новата територијална поделба
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/nisani-2.jpg)
Албанските медиуми и аналитичари оценуваат дека претседателот на Албанија, Бујар Нишани по се изглада дека нема да даде зелено светло за новиот Закон за територијална поделба на Албанија, кој беше усвоен деновиве со гласовите на мнозинството во Собранието.
По враќањето на законите за полицијата и други институции, Нишани се очекува да повторно да го врати на расправа законот за кој не гласаше опозицијата во Собранието и за кој имаше многу реакции во повеќе делови на Албанија, се наведува во коментарите на албанските пишани и електронски медиуми.
Нишани во средата имаше средба со раководството на здружението на општините на Албанија, при што извршниот директор на оваа здружение, кое исто така е против новата административно територијална поделба, Агрон Хаџимали изјави дека најдобро е законот повторно да се врати на расправа во Собранието.
Претставниците на владеачката Социјалистичка партија го обвинија претседателот Нишани дека е диригиран од страна на опозицијата и нанесува големи штети на реформите во Албанија, бидејки донесените закони повторно ќе се усвојат.
Инаку, македонските здруженија и партијата МАЕИ, кои се против новиот закон со кој како македонска општина останува само Пустец, додека другите во областите Голо Брдо и Гора се укинуваат, очекуваат Нишани да го врати законот во повторна собраниска седница.
Македонскиот новинар и главен уредник на весникот „Илинден“, кој излегува во Тирана, Никола Ѓурѓај оценува дека Македонците во Албанија имаат надежи дека Нишани нема да го декретира законот со кој се кршат правата на малцинствата во Албанија. /крај/мф/мн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Регион
Земјотрес го погоди Крит
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/08/zemjotres2.jpg)
Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала го погоди Крит.
Земјотресот бил на длабочина од пет километри, а епицентарот на 73 километри од Ираклион.
Засега нема информации за жртви и материјална штета.
Регион
13-годишно девојче загина од гром на плажа на Халкидики
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2020/07/Grcija-1.jpg)
Трагичен настан се случи денеска на Халкидики кога 13-годишно девојче го загуби животот откако го удри гром.
Трагичниот инцидент се случил околу 16:30 часот кога девојчето било на плажата Посеиди, на песокот, а според првите информации полесно е повредена и нејзината мајка.
Времето на Халкидики денеска е лошо со обилни врнежи од дожд, пренесуваат локални медиуми.
Полициската управа Касандра води прелиминарна истрага за инцидентот, пишуваат грчките медиуми.
Регион
Додик: Има ли некој што може да ги тргне бошњачките политичари од погрешен воз
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/04/dodik-1.jpg)
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик денеска изјави дека кога ќе се качите во погрешен воз сите постојки се погрешни и праша дали има кој да ги извади бошњачките политичари од тој воз.
„Има ли некој што може да им објасни дека Боно Вокс и „U2“ никогаш повеќе нема да свират бесплатно во Сараево, а CNN ќе го емитува концертот? Дека веста за резолуцијата за Сребреница не е објавена во ниту еден светски медиум. Дека Босна и Херцеговина никому не му е важна, освен луѓето што живеат во неа“, напиша Додик на социјалната мрежа Икс.
Дваесет години, посочува, се обидува да им објасни, а тоа ќе го покаже на претстојната средба во Мостар.