Регион
Нобеловецот Орхан Памук го осуди присуството на страв и прогонот на новинарите во Турција

Турскиот писател Орхан Памук, добитник на Нобеловата награда за книжевност во 2006 година, го осуди присуството на „страв“ во Турција и притисокот што го врши исламско-конзервативниот режим врз слободата на печатот.
„Најлошо е што постои страв. Гледам дека сите се плашат, тоа не е нормално. Слободата на изразот падна на многу ниско ниво“, рече Памук во неделното интервју за весникот „Хуриет“, по повод излегувањето на неговиот нов роман, шест години по претходниот „Музеј на невиноста“.
Писателот изрази жалење заради притисокот на власта врз медиумите генерално во Турција, а посебно заради судското гонење и отпуштање на опозициските новинари.
„Многу пријатели доаѓаат да ми кажат како овој или оној новинар останале без работа. Сега се прогонуваат и новинарите кои се најблиски до власта. Никаде никогаш не сум видел ништо слично“, рече Памук.
Тој изрази и жалење заради неодамнешните изјави на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, за нерамноправноста меѓу мажите и жените.
Памук е турски автор чии дела се преведени на повеќе од 60 јазици и е прв Турчин добитник на Нобелова награда. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.