Регион
Нов напад со солзавец во косовскиот Парламент

Веќе вторпат во рок од една недела, опозициските пратеници во Косово фрлиле солзавец во Парламент, во обид да го прекинат заседанието и да го блокираат договорот со Србија постигнат со посредништво на Европската унија (ЕУ), пренесуваат косовските медиуми.
Солзавецот бил прошверцуван во косовскиот Парламент и покрај новите полициски контроли на влезовите во зградата, поради кои и пратениците мораат да поминат низ метал детектор. Солзавецот бил употребен за време на заседанието на Парламентот, а по инцидентот бил пронајден и уште еден неискористен пакет на солзавец.
Пратеникот и поранешен шеф на националистичката партија на косовските Албанци, „Самоопределување“, Албин Курти е осомничен за првиот напад со солзавец пред една недела. Тој бил приведен од страна на полицијата на распит, што предизвика насилни протести во Приштина.
Партијата „Самоопределување“ и останатите опозициски партии на Косово се жестоки противници на договорот за нормализација на односите меѓу Приштина и Белград./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.