Регион
Нова реконструкција на српската влада

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ во петокот изјавил дека до крајот на јануари, односно почетокот на февруари следната година ќе дојде до реконструкцијата на српската влада.
„Ќе има реконструкција бидејќи премиер Александар Вучиќ така сака“, изјавил Дачиќ за телевизијата Пинк.
Тој потенцирал дека сигурно нема да бидат сменети министрите за кои се шпекулира изминатите денови во српските медиуми, а според кои владата сигурно ќе напуштат актуелниот министер за финансии Душан Вујовиќ, министерот за економија Жељко Сертиќ и министерот за образование Срѓан Вербиќ.
„Мислам дека ни Вучиќ во овој момент не знае кои министри ќе бидат сменети“, рекол Дачиќ.
Говорејќи за проблемите меѓу српскиот претседател Томислав Николиќ и германскиот амбасадор во земјата, Хајнц Вилхелм, околу тоа дали признавањето на Косово е услов за влегувањето во Европската унија (ЕУ), Дачиќ истакнал дека дошло време „да се спушти топката“.
„Мора да се оди на релаксирање на целата приказна, јас го разбирам претседателот, но мора да се спушти топката“, изјавил Дачиќ и додал дека досега немал можност да разговара со германскиот амбасадор./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.