Регион
Одложена посетата на албанскиот премиер Рама на Белград
Посетата на албанскиот премиер Еди Рама на српската престолнина закажана за 22-ри октомври, е одложена за 10-ти ноември, соопштија во неделата во Белград и во Тирана, како реакција на инцидентот со знамето со картата на ткн Голема Албанија истакнато на мечот меѓу фудбалските селекции на Србија и Албанија претходно седмицава што доведе до заострување на односите меѓу двете земји.
Српскиот премиер Александар Вучиќ и неговиот албански колега Еди Рама не успеале во неделата во телефонскиот разговор да се усогласат околу инцидентот поради кој беше во вторникот прекинат мечот на стадионот на белградски Партизан, и со кој во поврзаност беше доведен братот на албанскиот премиер Олси Рама, инаку државјанин на САД, но оценија дека инцидентите на квалификацискиот меч за Евро 2016 „по својата суштина биле многу несреќни“.„И натаму постојат јасни несогласување за тоа како дошло до инцидентот, но не смееме и нема да дозволиме да ја пропуштиме можноста да се сретнеме и да работиме на одржување на регионалната стабилност“, нагласиле Вучиќ и Рама, како што пренесуваат во Белград и во Тирана.„Време е да свртиме нова страница во политичките и економските односи меѓу Србија и Албанија“, заклучиле во заедничкото соопштение двајцата премиери.Вучиќ и Рама нагласуваат дека е „неопходно да продолжи дијалогот и процесот започнат на 28-ми август во Берлин“, на конференцијата за западен Балкан, оценувајќи и дека дијалогот „ќе овозможи подобрување на односите меѓу двете држави, во регионот, но и во цела Европа“. Заеднички заклучиле да се сретнат на 10-ти ноември во Белград, што ќе биде прва посета на албански премиер на српската престолнина по 68 години.На телефонскиот разговор од неделата меѓу двајцата премиери им претходеше преписка преку социјалната мрежа Twitter, како и изјави во странските и во домашните медиуми. Најавувајќи ја подготвеноста, и покрај инцидентот, да го посети Белград во првично договорениот термин, Рама за американската телевизиска мрежа CNN изјави дека на властите во Белград им ја препушта одлуката дали ќе го поканат, а српскиот премиер најави во петокот дека до понеделник ќе ја донесе одлуката за посетата на албанскиот колега најавувана како историска.Рама на Twitter напиша дека „Србија ќе биде нормална држава само доколку вистинска Србија сфати дека Голема Албанија е нејзин кошмар, а не наш проект“. Вучиќ, пак, во својот одговор ја прошири темата и на меѓународно ниво – „Луѓето кои велат дека Голема Албанија е нашиот кошмар мора да се целосно во право Но, тоа не е само наш кошмар, туку кошмар на Европа, кошмар на целото човештво, а ние ќе сториме сѐ што можеме да го спречиме“, и додаде оти се надева „дека нормалните Албанци ќе ја разберат оваа порака“.Односите меѓу Белград и Тирана сериозно се заострија по инцидентот од квалификацискиот меч за Европското фудбалско првенство во со знамето на ткн Голема Албанија на којашто беа опфатени териториите на Албанија, Косово, западна, Македонија, јужна Србија, како и делови од Црна Гора и од Грција. Двете влади по овој повод разменија доста остри демарши.Српската полиција и тамошното министерство за внатрешни работи го задржаа во ВИП ложата на стадионот Олси Рама доведувајќи го во поврзаност со организирањето и раководењето со инцидентот. Но братот на албанскиот премиер беше пуштен, бидејќи наводно се легитимирал со пасош на САД и се повикал на американското државјанство, а подоцна беа пуштени и другите членови на официјалната албанска делегација кои со полициска придружба беа испратени на белградскиот аеродром од каде што одлетаа за Тирана./крај/мф/сн.
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Србија прогласи вонредна состојба поради снегот: Илјадници домаќинства без електрична енергија
Србија утрово се разбуди под снег и мраз, а поради лошите временски услови, вонредна состојба е во сила во дури 11 општини и градови. Најголеми проблеми се прекините на електричната енергија, поради што повеќе од 6.000 домаќинства останаа без струја, пишува Н1 Србија.
Илјадници домаќинства без струја
Милорад Спасојевиќ од Секторот за вонредни ситуации потврди за РТС дека најголемиот проблем е прекинот на електричната енергија. „Околу 6.450 потрошувачи се без струја. Најлошо е во златиборската, колубараската, моравичката и мачванската област“, рече Спасојевиќ.
Цела Србија се разбуди со температури во минус. Најстудено беше на Копаоник, каде што беа измерени -17 степени, додека најниските температури меѓу градовите беа забележани во Кикинда и Сјеница, со -10 степени.
Според податоците од Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ) од 6:09 часот наутро, во Белград, Ниш и Крагуевац се измерени -5 степени, а во Нови Сад -8 степени. На Црни Врх, каде што е регистрирана и снежна бура, температурата била -13 степени, а на Златибор -11 степени. По многу студеното утро, се очекува температурата да се зголеми на некои места во текот на денот.
Поради опасни временски феномени, утрово е во сила портокалова временска тревога за Белград, Бачка, Банат, Срем, Западна Србија, и Југозападна Србија.
Регион
Во Загреб падна замрзнат дожд
Поради најавените ниски температури и замрзнат дожд, за кои Државниот хидрометеоролошки завод издаде портокалово предупредување, постои ризик од формирање мраз на тротоарите и други површини во Загреб, објави Градот Загреб, пренесува Индекс.хр.
Градот известува дека возилата на Зимската служба на Загребските патишта превентивно ги посолуваат патиштата во областа на Загреб.
Градот Загреб апелира до сите учесници во сообраќајот, возачи и пешаци, да ги прилагодат своите движења на тешките и потенцијално опасни временски услови. На возачите им се препорачува да избегнуваат непотребно патување, да возат побавно со поголем растојание помеѓу возилата, да избегнуваат нагло сопирање и забрзување и да користат зимска опрема и соодветни гуми. Посебна претпазливост е потребна на мостовите, надвозниците и кривините.
Пешаците се повикуваат да бидат дополнително внимателни, да се движат побавно, да носат соодветни обувки и да избегнуваат замрзнати површини секогаш кога е можно.
фото/депозитфотос
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)

