Регион
Оланд: Предлозите на Атина сериозни и кредибилни
Францускиот претседател Франсоа Оланд ги окарактеризира како сериозни и кредибилни најновите предлози на Атина за постигнување на договор со кредиторите.
„Претстојните часови ќе бидат исклучително важни“, изјави Оланд и додаде дека се уште ништо не е одлучено, бидејќи лидерите на еврозоната дури во сабота ќе ги разгледаат деталите од грчкиот план во пресрет на вонредниот самит на лидерите на ЕУ, кој се одржува во недела.
И францускиот министер за економија Емануел Макрон изјави во петокот дека е умерен оптимист во поглед на постигнување договор на еврозоната и Грција, наведувајќи дека официјална Атина направила голем исчекор во најновите предлози.
Истовремено поранешниот претседател на Европската централна банка Жан-Клод Трише смеда дека кредиторите на Грција би имале големи загуби во случај на потенцијално излегување на Атина од евроозната. /крај/мф/ап
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Земјотрес во Албанија
Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран вечерва во 20 часот и 11 минути во Албанија.
Потресот се наоѓа на длабочина од приближно 15 километри под површината на земјата.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.
Регион
Aлбанија лани ја посетиле рекорден број туристи
Над 11,7 милиони странски туристи ја посетиле Албанија во 2024 година, за 15,2 отсто повеќе од 2023 година, соопшти албанската министерка за туризам Мирела Кумбаро.
Таа на Фејсбук напиша дека, покрај зголемувањето на пристигнувањето туристи од земјите во регионот, Албанија во 2024 година го потврди растот и стабилноста на туристичкиот пазар на гости Италија, Германија, Франција и Обединетото Кралство, како и проширување на картата на далечните азиски и американски пазари.
Приходите од туризмот во првите девет месеци од минатата година достигнале над 3,8 милијарди евра, што е резултат на подобрувањето на стандардите на сместувачките структури.
Регион
Земјотрес во Грција
Земјотрес со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во 17 часот и 37 минути во областа на Крит, најголемиот остров во Грција.
Епицентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од околу еден километар под површината на земјата.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.