Регион
Опозицијата не се откажува од референдум за новата територијална поделба во Албанија

Албанската опозиција повторно го активира барањето за одржување на референдум за новата територијална поделба на земјата.
Лидерот на Демократската партија Лулзим Баша изјави дека новиот закон е срамен и за него на локално ниво треба да се одржи референдум.
„Овој закон е политички и е на штета за развојот на земјата“, рече Баша и додаде дека и покрај негативниот договор за одржување на референдум за овој закон, сепак повторно треба да се покрене оваа прашање.
Со новиот закон за територијална поделба на земјата има 61 локална единица и со него треба да се одржат локалните избори во јуни, на кои се противи опозицијата бидејќи смета дека новото кроење на територијата на Албанија е направено по интереси на албанската левица за да ги добие изборите.
На овој закон се спротивстави и македонското малцинство во Албанија, но и грчкото, бидејќи се укинаа одредени општини во кои Македонците и Грците беа во мнозинство. /крај/мн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Турист почина кај Неа Врасна, бил извлечен од морето

61-годишен државјанин на Србија трагично почина во морската област Неа Врасна во близина на Солун.
Мажот бил извлечен во бесознание од морето денес напладне. Според соопштението на крајбрежната стража, тимот за итни случаи на ЕКАБ веднаш му укажал прва помош, но без успех, по што телото било префрлено во Здравствениот центар Неа Мадита.
Прелиминарната истрага ја води Вториот оддел на пристаништето Ставрос на пристанишната управа на Јерисос, кој нареди обдукција за да се утврди точната причина за смртта, пренесува „Прототема“.
Регион
(Видео) Пожарникарите во Црна Гора плачат од среќа – дождот ги изгасна големите пожари кои беснееја со денови

Ситуацијата во Црна Гора се смири по неколку дена катастрофални шумски пожари!
Силен дожд со поројни врнежи зафати многу подрачја и им помогна на пожарникарите. Речиси насекаде во Пипери падна дожд, освен на Риека Пиперска, каде што остана единственото активно жариште кое и понатаму се шири кон Дромири и Купини и уште подалеку во правец на Трмањ и Платија. Таму сè уште е суво.
Од Службата за заштита и спасување на главниот град прогласија победа над пожарите околу Подгорица.
– Заедно успеавме – наведоа од Службата за заштита и спасување.
Истовремено им се заблагодарија на сите граѓани, претпријатија, служби, војската и колегите пожарникари од цела Црна Гора, но и од странство.
– Ви благодариме за несебичноста, за секоја капка пот, за солзите и тагата, за грижата, поддршката и надежта. Благодариме за насмевката што ни ја упативте кога се гледавме очи в очи на теренот, за мавтањето додека поминувавме по патот, за сè што споделивте со нас во овие тешки денови. Вашата поддршка беше нашата сила да издржиме и да ја победиме огнената стихија – соопштија од Службата.
Се огласи и потпретседателот на Собранието на главниот град, Драгутин Вучиниќ.
– Пиперски Бротњик во овој момент е без оган! Благодарност до сите што учествуваа во гаснењето на пожарите во Пипери и низ цела Црна Гора. Голем поздрав од Поток – Пипери! Хеликоптерот си замина во база. Со среќа! Крај – рече Вучиниќ.
Како што соопштија од Пожарникарската служба Никшиќ, дождот што денеска падна и кој сè уште врне на некои места, ги изгасна активните пожари во местата Пиштете, Дубрава и Дуга. Остана само пожарот во Петровиќи, кој е активен во текот на целиот ден, но не ја загрозува имотната состојба, односно куќите, бидејќи се прошири високо во планината, јавува РТЦГ. Според последните информации од теренот, дожд почнал да паѓа и во Петровиќи, па пожарникарите се надеваат дека и тој пожар ќе биде изгаснат.
– Се разбира, ќе ја следиме состојбата во текот на ноќта, за да видиме како стојат работите – соопштија пожарникарите.
Најмногу се израдуваа пожарникарите, кои од среќа заплакаа.
Во текот на ноќта Црна Гора ќе ја зафати уште еден дождовен бран со порој и грмежи.
Засега не е познато до кога ќе останат екипите од странство.
Да потсетиме, изминатите денови голем број луѓе учествуваа во гаснењето на пожарите, а на помош пристигнаа и авиони. Ситуацијата беше најкритична на подрачјето на Подгорица, Никшиќ, Бјело Поље, Чањ, Будва…
Регион
Вучиќ: Прашање на ден е кога ќе почнат да убиваат; за 3-4 дена изненадувачки одлуки, ќе го победиме злото

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се обрати нацијата поради протестите и насилствата на улиците. Тој предупреди дека „прашање на ден е кога ќе почнат да убиваат“, оценувајќи дека „банда владее по улиците“ и државата ќе одговори.
Вучиќ ги обвини демонстрантите за насилства во Валево, Белград и Нови Сад, вклучително и палења и напади врз простории на политички партии и полицијата. Тој оцени дека она што се случуваше во Нови Сад и Ваљево, каде што беа демолирани и запалени просториите на владејачката Српска напредна партија, е тероризам.
На прашање за Мартa Кос и присуството на малолетници на протестите, рече дека недозволиво е рушењето на простории на политички партии и дека одговорноста е кај насилниците, а не кај државата.
Вучиќ уверува дека станува збор контролирани сценарија на хаос, според кои протестите се организирани со цел дестабилизација и поттикнување на изборни барања. Тој најави дека во наредните 3-4 дена ќе следат „изненадувачки одлуки“ на државата и дека за 10 дена ќе бидат приведени сите кои учествувале во нередите.
„Со народот на Србија ќе го победиме ова зло“, заклучи претседателот, истакнувајќи дека државата ќе се спротивстави на внатрешниот хаос и надворешните притисоци.