Регион
По Русија, Ципрас доби покана и од Кина
Кинескиот премиер Ли Кечианг во средата го повика својот грчки колега Алексис Ципрас да му честата на победата на предвремените парламентарни избори од 25-ти јануари да го покани да ја посети Кина, соопштија од кабинетот на грчкиот премиер, при што се наведува дека датумот за евентуалната посета не е прецизиран.
Поканата од Пекинг за Алексис Ципрас предизвика внимание на светските медиуми, кои истакнуваат дека грчкиот премиер минатата седмица беше официјално поканет од Москва да присуствува на традиционалното одбележување на рускиот државен празник Денот на победата над фашизмот, на 9-ти мај.
Премиерите Ли и Ципрас во текот на телефонскиот разговор дискутирале за „продлабочувањето на економските, трговските и културните врски“, се наведува во соопштението на службата за односи со јавноста на премиерот на Грција.
Портпаролката на кинеското министерство за надворешни работи, Хуа Чунјинг потсети дека Кина им придава голема важност на односите со Грција и сака да соработува со новата грчка влада на придвижување на целосно стратешко партнерство.
Кина последните години од избувнувањето на длабоката должничка криза стана еден од главните инвеститори во Грција, особено откако на кинеската групација „Cosco“ и’ беа отстапени два терминала во пристаништето Пиреа, најголемото грчко пристаниште во близина на Атина.
Кинескиот премиер му гарантирал на Ципрас дека кинеските компании се заинтересирани за нови вложувања во Грција и проширување на нивните активности во нови област, според соопштението од Атина.
Западните коментатори сметаат дека новата грчка влада предводена од коалицијата на радикалната левица Сириза сакаа да ги демонстрира своите блиски врски со Пекинг и со Москва, особено во периодот додека води тешки преговори со Европската унија за да се ослободи од обврзувачките договори според планот за меѓународната финансиска помош кои пет години ја притискаат Грција и да го избегне банкротот./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Додик не го признава геноцидот во Сребреница: „Ќе однесеме цвеќе, ако не навредува никого“
Во четвртокот, лидерот на Србија во Босна и Херцеговина, Милорад Додик, изрази подготвеност да го посети Меморијалниот центар Поточари во Сребреница и да положи цвеќе на заедничкиот споменик подигнат во спомен на масакрот на Бошњаците за време на војната, но тој повторно негираше дека таму имало геноцид.
Во интервју за новинската агенција на Република Српска, претседателот Додик најави дека владата и целото раководство на овој ентитет ќе заседаваат во Сребреница на 2 мај 2024 година, кога ќе се одржи дискусија пред Обединетите нации и се очекува гласање за Резолуција за осуда на геноцидот во тој град во летото 1995 година.
Резолуцијата е поддржана од дваесет земји, меѓу кои САД, Обединетото Кралство и Германија и се очекува нејзино усвојување. Целта е да се интернационализираат страдањата на Бошњаците во Сребреница.
Водечките српски претставници од Белград и Бања Лука, претседателите Александар Вучиќ и Милорад Додик, тврдат дека ова е обид да се префрли вината на српскиот народ.
„Република Српска нема да ја прифати резолуцијата за Сребреница за која ќе се одлучува во Генералното собрание на ОН бидејќи се што е напишано во неа е лага. Босна и Херцеговина не може да живее врз основа на тоа дека едната нација во неа е оквалификувана како геноцидна“, рече Додик.
Сепак, тој изрази подготвеност да им оддаде почит на жртвите од масакрот во Сребреница.
„Ако ни се укаже можност, на 2 мај ќе однесеме венци во Поточари, ако тоа не навреди никого. Не се плашам дека би можел да завршам како Вучиќ, кој дојде да им оддаде почит на жртвите, изрази сочувство, а доби камен во главата и никој не одговараше за тоа“, истакна Додик.
Тој смета дека Резолуцијата за Сребреница сепак нема да го добие потребното мнозинство на седницата на Генералното собрание на ОН.
Регион
Двајцата осомничени за убиството на малата Данка испратени во Специјалната затворска болница
Двајцата осомничени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ денеска се испратени во Специјалната затворска болница во Белград на психијатриско вештачење, пишува „Телеграф“.
Во написот медиумот пишува дека осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) деталите за убиството на детето ги изнесе во Вишото јавно обвинителство во Заечар. Сепак, тој не сакаше да открие каде го оставил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не зборувал за делото.
Во Вишото јавно обвинителство во Заечар биле сослушани и родителите на Данка, Ивана и Милош, кои, како што се наведува, опишале како течел денот кога исчезнала ќерка им.
Додека давале исказ, во иста просторија седеле и осомничените за убиството на детето.
Пред рочиштето исказ за „Телеграф“ дал таткото на убиената Данка.
„Смртната казна не им е доволна, треба да бидат во затвор до крајот на животот. Тоа се чудовишта, она што постојано го доживуваме не се опишува. Тоа може да го разбере само родител. Неколкупати ни дојде полиција, ѝ зедоа разни работи на Данка, ништо не знаеме, ниту за крвта на патот ниту во автомоблилот, ништо. Не ни е јасно зошто не се јавиле во итната помош, зошто не помогнале, но го направиле ова што го направиле. Тоа што јас и Ивана постојано страдаме е страшно, разни луѓе ни се јавуваат, нѐ навредуваат, ни ја префрлаат вината. Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе. Кога сѐ ќе заврши, ќе кажеме сѐ“, рече тој.
Регион
Воз налета на пешак: трагедија кај Стара Пазова
Вечерва околу 19:15 часот брз воз налетал на пешак на брзата пруга Нови Сад-Белград.
Несреќата се случила меѓу станиците Инѓија и Стара Пазова.
Засега не се знае точно како дошло до несреќата, а полицијата врши увид на лице место.
Информирани се сите надлежни служби, пишуваат српските медиуми.