Регион
Пет имигранти се удавија во Егејот

Пет имигранти, четири жени и едно одете, се удавија во Егејското Море кога во невреме со големи бранови се превртел чамецот со кој се превезувале, пренесува во саботата грчката телевизија Skai.
Европската агенција за надзор на границите Фронтекс и грчката крајбрежна стража реагирале на синоќешниот инцидент во близина на грчкиот остров Самос, и во операцијата успеале да спасат неколку имигранти.
Засега не се знае колку точно лица имале во чамецот кој испловил од Турција кон грчките острови. Ова е прв трагичен инцидент со имигрантите во водите на Егејското Море по неколку седмици.
Грчкиот центар за кризни состојби со бегалците претходно седмицава објави дека е забележан голем пад на бројот имигранти коишто од Турција пристигнуваат на грчките острови. Во март дневно во просек пристигнувале по 900 бегалци и имигранти, а во петокот беше соопштено дека во последните 24 часа пристигнале 149 лица./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.