Регион
Пет жртви на горештините во Романија, уште неколкумина во кома

Најмалку пет лица починаа како резултат на високите температури во североисточна Романија, а уште неколкумина се наоѓаат во кома, соопштија во четвртокот локалните власти.
Според портпаролот на службата за итни состојби на округот Васлуј, Дан Унгуреану, три лица починале во четвртокот попладнето додека работеле, меѓу кои и 74 годишен маж.
Претставникот на службата за итна медицинска помош Николае Пралеа додал дека во градот Јаши, во североисточниот дел од земјата, починале уште две лица. Покрај тоа, властите соопштија дека уште неколку луѓе се во кома, како последица на високите температури.
Според прогнозите на романските синоптичари, високите температури кои се движат околу 37 Целзиусови степени, во некои делови од земјата ќе се задржат до саботата./крај/мф/сн
Извор: Associated Press
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.