Контакт

Регион

Пленковиќ: Силна порака со одбележувањето на 25-годишнината од опсадата на Вуковар

Објавено пред

 

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјавил дека одбележувањето на 25-годишнината од опсадата на Вуковар доаѓа во важен момент за земјата и дека испратена е силна порака на почитување за сите загинати хрватски бранители, нивните семејства, умрени, исчезнати и сите вуковарци кои го дале својот живот во Татковинската војна, пренесуваат хрватските медиуми.

 

Пленковиќ оценил дека секоја влада кон Вуковар имала политичка и морална обврска, а тие обврски ќе ги има и неговата влада. Запрашан околу неговиот став за двојазичноста во Вуковар, Пленковиќ одговорил дека јасно смета оти „се создава толерантна атмосфера во хрватското општество“ и дека во парламентарното мнозинство „учествуваат и претставниците на националните малцинства“.

 

„Како што знаете, статутарната одлука на градот Вуковар е на Уставниот суд и ја очекуваме неговата одлука, по што ние ќе донесеме соодветна одлука“, рекол тој. На седницата на владата во вуковарскиот дворец Елц, беа донесени многу одлуки за вложување во проекти за обнова и развој на градот, а според најавите во следниот период ќе бидат вложени близу осум милиони евра./крај/мф/бс

 

Регион

Речиси 300 новозаразени во Бугарија

Објавено пред

Во Бугарија се потврдени нови 297 случаи на коронавирус, со што вкупниот број на случаи е 13.014, се наведува на веб-страницата на бугарската влада.

Повеќето од пациентите се во Софија, а потоа следуваат Пловдив и Добрич, јави БТА.

Меѓу новозаболените има 12 здравствени работници.

Во моментот во Бугарија се заразени 5.205 лица, а 874 лица се хоспитализирани, од кои 47 се на одделот за интензивна нега.

Прикажи повеќе...

Регион

Вучиќ: Ќе барам формирање на Заедницата на српски општини

Објавено пред

Српскиот претседател Александарр Вучиќ најави дека во продолжението на преговорите со Приштина ќе бара формирање на Заедницата на српски општини, пренесува „Спутник“.

„На 7 септември ќе одам во Брисел и ќе барам исполнување на договорот за формирање на Заедницата на српски општини. Германија и САД нема да го повлечат признавањето на Косово. Мене ме загрижува што не разговараме за реалните и суштинските проблеми, затоа српската страна ќе бара исполнување на договорот од 2013 година за формирање на Заедницата на српски општини, потпишан под закрила на ЕУ,“ рече Вучиќ.

Тој истакна дека Србија сака вистински дијалог, а не оној во кој „секој ден ни велат дека треба да ги признаеме“.

„Нашиот предлог беше тие разговори да бидат суштински, а не формални, да ги решаваат проблемите, а не да се чека да ни испорачуваат барања. Приштина го истакнуваше проблемот на ресипроцитетот, ние им рековме дека, за разлика од нив, имаме посилна економија и дека и ним им го посакуваме истото. Приштина одби да разговара за тие работи“, истакна Вучиќ.

Тој истакна дека за Србија е ужасна вест донесувањето на новиот закон за заштита на вредостите на ОВК и тоа е, како што рече и американскиот амбасаор, воведување вербален деликт, малтретирање и шиканирање.

Прикажи повеќе...

Регион

Словенија има 10 новозаразени со коронавирус, активниот број на случаи е 181

Објавено пред

Во Словенија во последните 24 часа се тестирани 753 лица, од кои 10 се позитивни на коронавирус, пет помалку од претходниот ден, објави словенечката влада.

Бројот на заразени лица од почетокот на епидемијата се зголеми на 2.233. Во последните 24 часа нема нови смртни случаи, така што вкупниот број смртни случаи како резултат на Ковид-19 останува 125.

Активниот број на случаи во моментот е 181, во болниците има 24 пациенти поради Ковид-19, од кои четири се во одделот за интензивна нега.

Словенечката влада објави дека ја вклучила Белгија на црвениот список на епидемиолошки ризични земји поради влошената епидемиолошка состојба, а во жолтиот список на најбезбедни земји ги вклучила Малта, Швајцарија и делови од Шпанија.

Белорусија, Алжир, Еквадор и шпанската провинција Валенсија се ставени од црвениот на жолтиот список.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија40 минути

Малиот Илче од Охрид кој беше напуштен од родителите, по десет дена лекување ја напушти Детската клиника

По десетина дена лекување на Детската клиника, 11-годишниот Илче од Охрид, кого родителите го напуштија, ја напушта болницата здрав и...

Свет51 минута

Либанскиот претседател не исклучува надворешна вмешаност во експлозијата во Бејрут со ракета или бомба

Претседателот на Либан, Мишел Аун, не ја отфрла можноста за надворешна вмешаност во катастрофалната експлозија во главниот град Бејрут, велејќи...

Свет2 часа

Првата вакцина против Ковид-19 во светот ќе биде регистрирана во Русија следната недела

Русија ќе ја регистрира својата прва вакцина против коронавирусот на 12 август, рече рускиот заменик-министер за здравство, Олег Гриднев, пренесува...

Македонија2 часа

Девојка пријавила дека била сексуално вознемирувана додека полагала возачки испит

Девојка, која полагала возачки испит, пријавила во Хелсиншкиот комитет дека била сексуално вознемирувана од еден од членовите на комисијата. Случајот...

Македонија2 часа

Хелсиншкиот комитет: Газди им дале 50 отсто помала плата на мајки на деца до десетгодишна возраст

Една од родовосензитивните мерки за справување со пандемијата предизвикана од вирусот Ковид-19, кои ги донесе Владата, e ослободувањето од работни...

Македонија3 часа

Ивица Коневски поднесе тужба за клевета против портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ

Поранешниот градоначалник на Аеродром и член на ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Коневски, поднесе тужба за клевета против портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски....

Свет4 часа

Германија воведе задолжително тестирање на коронавирус на аеродромите

Бројот на заразени со коронавирус во Германија многу загрижувачки расте, најверојатно и поради големиот број повратници од ризични земји, пишува...

Свет4 часа

Пронајдена слабата точка на коронавирусот

Научниците од Универзитетот во Канзас ја открија слабата точка на коронавирусот „САРС-КоВ-2“. Порталот „Сајенс дејли“ известува дека експертите тестирале терапевтско...

Свет5 часа

Истражување: 60 отсто од излекуваните од Ковид-19 развиваат антитела

Уште на почетокот на јули виролозите од Медицинскиот универзитет во Виена известија дека само половина од заболените и излекуваните од...

Свет6 часа

Асимптоматските случаи имаат иста количина вирус како и оние со симптоми

Асимптоматските случаи на Ковид-19 носат иста количина вирус како и оние со симптоми, покажува јужнокорејска студија. Јужна Кореја можеше да...

Свет7 часа

Сандерс предлага закон за даночење на добивката на милијардерите за време на пандемијата

Американскиот сенатор Берни Сандерс заедно со колегите сенатори, Ед Марли и Кирстен Гилбренд, предлага закон за даночење на милијардерите. Според...

Свет7 часа

(Видео) Антивладини протести во Бејрут поради експлозијата

По силната експлозија во Бејрут, во која загинаа голем број луѓе, на улиците на престолнината следуваат демонстрации против владата. Демонстрантите...

Регион18 часа

(Видео) Дваесет полицајци во Шпанија апселе двајца бегалци од Србија, пронајдена е лабораторија за дрога

Шпанската полиција уапси двајца Срби за кои била распишана меѓународна потерница. Еден од нив се барал за нападот на стадионот...

Свет19 часа

Реконструкција на катастрофата: како се случи експлозијата во Бејрут што го шокираше светот

Силата на експлозијата што ја зафати либанската престолнина го шокираше светот. Повеќе од 300.000 луѓе останаа без покрив над главата,...

Свет21 час

(Видео) Се запали зградата на Светскиот трговски центар во Брисел

Силен пожар избувна на врвот на зградата на Светскиот трговски центар во Брисел. Според медиумите, огнот избувнал во техничката просторија...

Свет22 часа

Херои кои се обиделе да го спасат Бејрут – последна фотографија од пожарникарите кои влегле во магацинот пред експлозијата

На социјалните мрежи се појави фотографија на која се прикажани последните моменти на пожарникарите кои се обиделе да спречат понатамошно...

Македонија1 ден

(Видео) Обилните дождови ги поплавија рудниците на РЕК „Битола“

Обилните врнежи од дожд во Битолско предизвикаа поплава на јагленовите откопни полиња во рудникот „Суводол“ на РЕК „Битола“. Ископот и...

Македонија1 ден

Нови 113 заболени и шестмина починати, меѓу кои и 22-годишен пациент

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.543 тестирања, а регистрирани се 113 нови случаи на...

Регион1 ден

Црна Гора го прошири списокот за влез без ограничувања, Македонија повторно ja нема

Црна Гора го прошири списокот на земји чии граѓани имаат право да влезат во земјата без ограничувања. Од утре граѓаните...

Македонија1 ден

МЖСПП: Опасниот отпад од ОХИС ќе биде изнесен од државата кога ќе дозволат временските услови

Винилхлоридмономерот од поранешната фабрика ОХИС ќе се преточи и ќе се транспортира од државата веднаш штом ќе дозволат временските услови...

Досие