Регион
Плевнелиев: Подготвен сум да предложам и трета техничка влада, но не сакам да дојде до таму

Бугарскиот претседател Росен Плевнелиев порача дека тој е подготвен да го искористи своето уставно право и да предложи нова техничка влада поради несогласувањата кои се појавија помеѓу бугарските политички партии во врска со изборните права на бугарските граѓани, но дека како шеф на државата „не сака да дојде до такво нешто“.
„Секогаш сум подготвен да ги исполнам уставните обврски. Ако е потребно, подготвен сум да составам и трето техничка влада, но не сакам и не треба да дојде до таму“, изјави Плевнелиев, пренесува агенцијата Фокус.
„Не сметам дека заштитата на уставните права на бугарските граѓани и дебатата за тоа како Бугарите во светот да можат да гласаат чесно, масовно и во интерес на демократијата и легитимноста на државата, треба да доведе до паѓање на владата во Бугарија. Затоа се надевам на одговорно решение во интерес на правото на Бугарите да гласаат, како и за гарантирање на стабилноста во државата“, рекол бугарскиот претседател.
Плевнелиев изрази увереност дека одлуката на политичка партија АБВ да ја повлече поддршката за владата се базира на обмислена и кохерентна стратегија. „Право на политичките партии е да проценат кога и на кој начин ќе се позиционираат”, додал тој.
„Убеден сум дека напорите за стабилност ќе бидат наградени од народот”, истакна шефот на бугарската држава, додавајќи дека кај него постои голема загриженост поради рекордниот број кризи во близина на Бугарија, постојаниот миграциски бран, како и заканата од тероризмот.
„Кога нацијата ни е загрижена, треба да се работи за стабилноста, да се заборават непринципиелните политички противречности и да се обезбеди долгорочна перспектива. Сакам да видам стабилност, реформи, надградба и чесни претседателски избори со квалитетни кандидати“, порача Плевнелиев./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двегодишно девојче најдено мртво на плажа во Грција

Девојче на околу двегоишна возраст е пронајдено мртво на плажа во атинското предградие Палео Фалиро во неделата наутро, пренесуваат грчките медиуми.
На телото на девојчето наишол маж од Египет, кој веднаш ја известил полицијата со повик на бројот за итни случаи 112. Екипа на Брза помош го пренела телото во Детската болница, каде се очекува да биде извршена обдукција.
Во меѓувреме, полицијата ги проверува списоците на исчезнати лица, но засега идентитетот на жртвата не е утврден.
Регион
(Видео) Факели и емоции: „Цесарица“ одекнуваше на фериботот кон Корчула

Три и пол часа по тргнувањето од Сплит, атмосферата на фериботот кон Корчула не стивнуваше. Следеа хитовите на Оливер, а кога бендот ја отпеа „Цесарица“, беа запалени и факели, објави Индекс.хр.
Погледнете ја атмосферата и запалените факели за време на настапот со „Цесарица“:
Регион
Грција бара помош за справување со големите пожари

За активните пожари на неколку различни локации низ целата земја, Грција побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да се испратат шест авиони.
Од попладнево, грчките пожарникари водат битка во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во северна Грција, на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки за превентивна евакуација до жителите на зафатените области.
Портпаролот на противпожарната служба информираше дека во сите пожари интервенираат голем број пожарникари заедно со копнени и воздушни средства, но и дека во деловите каде што се пожарите е пријавена штета, чија процена ќе се направи кога ќе заврши гаснењето.
– Сите пожари што избувнуваат овие денови, а особено денеска, брзо се шират, стануваат опасни, а се очекува овие услови да преовладуваат и во наредните денови. Поради оваа причина, нашата земја побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да ни обезбеди шест авиони, рече Василис Ватракојанис.