Регион
Полициска акција на седум држави на преминот Прешево-Табановци

Заедничка оперативна акција „Коштана 2015“ на полициите на седум држави се спроведува на граничниот премин Прешево-Табановци, за откривање на трговија со луѓе за време на бегалската криза.
Во акцијата, која започна вчера и ќе трае до 7 октомври, учествуваат припадници на полициите на Австрија, Словенија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, Србија и Македонија.
„Полициската акција Коштана 2015 не е фокусирана на мигрантите, туку на сузбивање на криминалитетот и криминалните дејства со кои се заработуваат огромни пари од миграцијата и од бегалците. Постои безбедносен ризик бидејќи во тек е миграција и имаме бегалци, и класични и економски мигранти, но и криминалци и терористи“, изјави директорот на Канцеларијата на женевскиот Центар за безбедност, развој и владеење на правото (ДЦАФ), Антон Травнер на прес конференција во Виена.
Претставникот на Европол, Рејнел Шпенглер изјави дека Европол очекува полициите на државите членки кои учествуваат во акцијата да ја зајакнат размената на информации со цел да добијат нови траги поради сузбивање на криминалните групи кои криумчарат мигранти.
Заедничката акција на полициите на седум држави организирана е во делот на „зелената граница“ на Србија и на Македонија, кај граничниот премин Прешево-Табановци, кадешто бегалците од Блискиот исток преку Македонија влегуваат во Србија. /крај/мф/ап
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.