Регион
Прослава и протести на денот на независноста на Косово

Активностите за прослава на осмата годишнина од независноста на Косово што ја организира Владата на Иса Мустафа започнаа во Приштина.
Активностите за прослава на осмата годишнина од независноста на Косово што ја организира Владата на Иса Мустафа започнаа во Приштина.
Од друга страна опозицијата исто така паралелно организира протести, со цел Владата да се откаже од Спогодбата за давање на Српската заедница на општините со мнозинство на Срби, како и откажување на Спогодбата со границата со Црна Гора.
Претседателката на Косово Атифете Јајага побара од населението достоинствено да го прослави празникот на независноста и да нема протести.
Косовската опозиција информираше дека полицијата на граничниот премин Морина на косовско – албанската граница забранила влегување на албански државјани во Косово.
Според опозицијата ваквиот потег на косовското МВР е со цел да ја забрани масовноста на протестите на опозицијата што денеска се одржуваат во Приштина за соборување на владата на Косово.
Истите извори наведуваат дека жители на Албанија доаѓаат да дадат целосна поддршка на опозицијата во Косово а ги има од Тирана, Драч и други албански градови./кај/мн/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.