Контакт

Регион

Прво судење на пучистите во Истанбул

Објавено пред

Првото судење во Истанбул против учесниците во неуспешниот обид за државен преврат од 15-ти јули започна во вторникот со триесетината полицајци обвинети дека одбиле да го заштитуваат претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

Според медиумите, станува збор за најважниот судски процес по неуспешниот пуч, иако другите судења веќе започнаа во неколку градови во Турција, откако по обидот на фракцијата во армијата да изврши пуч ноќта од 15-ти кон 16-ти јули беа уапсени 41.000 луѓе.

На 29-те обвинети во Истанбул им се суди во најголемата сала за сослушувања во Турција, во зградата којашто се наоѓа наспроти затворот Силивир, на крајот од турскиот мегалополис.

Првите сослушувања би требало да траат четири дена, пренесува агенцијата Anadolu, a започнаа во вторникот со читањето на имињата на обвинетите и делата за кои се товарат, пред да бидат изнесени аргументите на одбраната.

Главното обвинение за полицајците е дека одбиле да ги извршат наредбите за заштитата на претседателот Ердоган во ноќта на неуспешниот пуч./крај/мф/сн

Регион

Во Белград ќе биде организиран концерт за да се види како се шири коронавирусот

Објавено пред

Заменик-градоначалникот на Белград, Горан Весиќ, најави дека ќе биде извршен контролиран експеримент за ширењето на коронавирусот, какви што беа направени во Барселона, Амстердам и други градови.

„Експериментот подразбира организација на концерт, а ќе биде утврдено кој ќе дојде на настанот, дали само вакцинирани или ќе бидат потребни тестови за антитела, негативни ПЦР тестови итн. Сите луѓе што ќе присуствуваат ќе бидат следени после тоа и можете да бидете сигурни дека српската наука ќе се покаже како успешна и дека сите ќе ги пренесат резултатите од студијата“, рече Весиќ.

Тој кажа дека Градот ќе плати за логистиката, а експертите ќе направат медицинска студија.

„Со нетрпение го очекувам ова, бидејќи резултатите од студијата ќе ни помогнат да донесеме одлука за организација на концерти, фестивали и други големи настани. Ќе имаме точни индикатори за тоа како се шири или не се шири вирусот“, рече Весиќ.

Прикажи повеќе...

Регион

Брзи домашни тестови во аптеките во Хрватска

Објавено пред

Брзи домашни тестови за коронавирус за десет дена ќе пристигнат во хрватските аптеки, објави телевизијата РТЛ.

Тестот ќе се прави со плунка, а ќе биде достапен за купување во аптеките по цена под 100 куни односно околу 13 евра.

Тестовите за самотестирање се одобрени на ниво на Европската Унија.

„Ова се медицински производи кои се наменети за самостојна употреба од страна на лаици. Имајќи предвид дека ги користат непрофесионалци во процесот на проверка на овие тестови беше потребно да се докаже дека се доволно сигурни и едноставни и дека граѓаните можат да ги користат безбедно“, изјави портпаролката на хрватската Агенција за лекови, Маја Башиќ.

Прикажи повеќе...

Регион

Црна Гора го укина полицискиот час

Објавено пред

Здравствените власти на Црна Гора донесоа одлука за укинување на полицискиот час кој важеше од полноќ до пет наутро, откако епидемиолошката состојба во земјата продолжи да се подобрува.

Новата одлука дозволува патување меѓу општините и за време на викендите, што досега беше забрането, и дозволува музика во живо на терасите во кафулињата од 19 до 22 часот, додека останува обврската да се носат заштитни маски на отворено и во затворен простор и како и забраната за групирање.

Во втората половина на април, Црна Гора речиси го нормализираше животот со ублажување на скоро сите епидемиолошки мерки.

Исто така, на почетокот на мај, со голем одзив од граѓаните, започна масовната вакцинација на населението во Црна Гора, така што за една недела беа вакцинирани скоро 17 проценти од вкупното население во таа земја со една доза.

Од почетокот на пандемијата, во Црна Гора се потврдени 98.449 случаи на коронавирус, а починаа 1.544 луѓе.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Во петок во Македонија ќе пристигнат 38.400 вакцини од „Астразенека“

Овој петок во Македонија ќе пристигнат 38.400 вакцини од „Астразенека“, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче. „Добивме уште една добра...

Македонија10 часа

Во Македонија 171 нов случај на коронавирус, починаа 26 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 171 нов случај на коронавирус, 26 лица починаа, а 409 оздравеа, соопшти...

Македонија10 часа

Државата треба да ѝ врати над 1,7 милион евра на Европската комисија, пари што ги проневерил ексфунционер од МИОА

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал поднесе обвинение против поранешниот секретар во Министерството за информатичко општество и администрација и...

Македонија12 часа

Од четврток забраната за движење ќе трае само по четири часа

Владата на денешната 69-та седница донесе одлука полицискиот час, од 13 мај, да почнува на полноќ, наместо од 23 часот...

Македонија12 часа

(Видео) Заев: Европските лидери добро ја разбираат нашата порака – идентитетот не е за преговори

Премиерот Зоран Заев денеска ги сумира резултатите од средбите кои во изминатите два дена нашата владина делегацијата ги оствари со...

Македонија13 часа

Во првата недела од мај 37 отсто е намален бројот на новозаразени и починати од Ковид-19

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во текот на минатата недела (од 3 до 9 мај) тестирани...

Македонија13 часа

Доцна вечерва пристигнува офицерот на АРМ, кој со корона се заразил во Африка

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, ја потврди информацијата дека припадник на АРМ е заразен од коронавирус во Централноафриканската Република. Потполковник...

Свет15 часа

Еден од напаѓачите го најавил масакрот во руското училиште носејќи маска со натпис „бог“

Најмалку 11 лица се убиени во вооружениот напад во средно училиште во рускиот град Казањ. Напаѓачите, според информациите објавени од...

Македонија16 часа

Министерството за здравство: Вчера се аплицирани 14.033 дози вакцини

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови во државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица...

Регион17 часа

Во Србија пораст на бројот на вакцинирани по ветувањето на Вучиќ од 25 евра

Корона-бројките во Србија продолжуваат да паѓаат и покажуваат помалку од 1.000 заразени втор ден по ред, а белградските медиуми тврдат...

Македонија17 часа

Владата денеска ќе одлучува за новите рестриктивни мерки

Владата денеска ќе ја одржи редовната 69-та седница со повеќе точки на дневниот ред, информираат владините служби. На седницата, која...

Свет18 часа

СЗО: Сите треба да бидеме загрижени поради индискиот сој на коронавирус

Светската здравствена организација (СЗО) го класифицира индискиот сој на коронавирусот, исто така познат како двоен мутант, како можност од нова...

Свет18 часа

(Видео) Најмалку 20 загинати, меѓу нив 9 деца во синоќешните израелски напади

Палестинците рано утрово лансираа десетици ракети од Газа, а Израел возврати со нови воздушни напади. Израелската армија објави дека во...

Регион1 ден

Швајцарски весник со истражување: Зошто Балканот е легло на антиваксери?

Весникот Ноје Цирхер Цајтунг (НЗЗ), на почетокот на анализата од дописникот на Југоисточна Европа, Волкер Пабст, истакнува дека до неодамна,...

Македонија1 ден

Филипче: Значајно се испразнети болниците, хируршките одделенија се вратени во функција

Eпидемиолошката крива е во опаѓање и бројот на хоспитализирани пациенти во континуитет се намалува во изминатите денови, изјави министерот за...

Македонија1 ден

Инспекторатот за животна средина: Рудникот „Казандол“ не претставува опасност

Рудникот „Казандол“ во моментот не претставува опасност за животната средина и локалното население, соопшти Државниот инспекторат за животна средина, кој...

Македонија2 дена

Средба Заев – Фон дер Лаен: Идентитетски прашања не смее да бидат на масата за разговори

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, во рамките на посетата на Брисел, оствари средба и со претседателката...

Македонија2 дена

Заев од Брисел: Идентитетот не може да биде причина за блокада на европските интеграции

Премиерот Зоран Заев, придружуван од заменик-претседателот во Владата за европски прашања, Никола Димитров, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, и...

Македонија2 дена

Од 12 до 18 мај полициски час од 24 часот, дозволено да биде и организирање настани на затворено

Кризниот штаб предложи олеснување на рестриктивните мерки – полицискиот час да почнува од 24 часот, угостителските објекти да работат до...

Свет2 дена

(Видео) Застрашувачки снимки од Индија, пациенти оставени да умираат, лекарите се кријат

Во Индија се појавија застрашувачки снимки од пациенти заразени од коронавирус, кои, според тврдењата на нивните семејства, лекарите ги оставиле...

Досие