Регион
Рама: Во регионот владее мир

Албанскиот премиер Еди Рама во вторникот порача дека на Балканот владее мир и дека со договорот меѓу Србите и Албанците од Косово повеќе не постојат гранични прашања, пренесува агенцијата Бета.
Говорејќи на состанокот посветен на западен Балкан, Рама изјавил дека во регионот сé повеќе има уверување дека Европската унија (ЕУ) во однос на приемот на нови членки „сé повеќе се поставува тактички а сé помалку стратешки, додека од јасни причини и цели, Кина и Русија се многу повеќе стратешки сили, отколку самата ЕУ“.
Албанскиот премиер потсетил дека за состојата на Балканот говори и неговата посета на Белград, прва посета на албански премиер на Србија по цели 68 години.
Рама укажува на значењето на Берлинската конференција за иднината на регионот и нагласил дека сите земји од западен Балкан сакаат да бидат дел од ЕУ и да ги извршат своите задачи на патот кон Унијата, но потсетува дека и од страна на Унијата треба да се направи нешто повеќе.
Според него, во ЕУ постои „замор од проширувањето, но и замор од трпеливоста кон Балканот“.
Државниот секретар во италијанското министерство за надворешни работи, Бенедето дела Ведова на состанокот истанал дека во европската јавност не се дава предност на проширувањето.
„Поради тоа што ние во ЕУ имаме потешкотии со јавното мислење, мораме стратешки да гледаме и проширувањето мора да биде стратешка цел за мирот, стабилноста и економскиот раст на западен Балкан“, изјавил Дела Ведова.
„За безбедноста и благосостојбата на ЕУ, проширувањето е вистинскиот пат, а тоа е и дел од програмата на италијанското претседателство со ЕУ“, објаснил италијанскиот дипломат.
Хрватскиот пратеник во Европскиот парламент (ЕП), Андреј Пленковиќ изјавил дека проширувањето полека исчезнало од фокусот на интересите на ЕУ, потенцирајќи дека во идина мора да се има различен и поединечен пристап кон пристапувањето на секоја земја во ЕУ./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.