Регион
Рама за гувернер го предлага Аргентинецот Блејер

Албанскиот премиер Еди Рама по смената на гувернерот Ардијан Фулани по скандалот со големиот грабеж во Националната банка на Албанија, за нов гувернер го предложи Аргентинецот Марио Ј. Блејер.
Според Рама станува збор за еден од најдобрите економисти во светот.
Предлогот на албанскиот премиер веднаш е одбиен од страна на претседателот на Албанија Бујар Нишани кој изјави дека според законските одредби гувернерот треба да биде албански државијанин. Според него на оваа важна функција земјата треба да добие Албанец, а не странец.
Владата во Тирана прави напори испразнетото место гувернер на албанската Народна банка да го потполни што побрзо бидејки оценува дека штетите од оваа празнина можат да бидат големи. Исто така премиерот Рама по сугерирање на многу странски експерти инсистира на оваа позаиција да дојде многу искусен екононист, но одредени политички структури во земјата меѓу кои и претседателот Нишани бараат на оваа позиција да биде само албански државијанин.
Во меѓувреме сега разрешениот гувернер на банката Ардијан Фулани е во домашен притвор, додека пак 17 банкарски работници на видни функции се во затворски притвор. Според првичните информаци скандалот со грабежот на банката не е седум милиони евра туку многу повеке.крај/мф/мн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.