Регион
Reuters: ЕУ ќе потпише прелиминарен договор со Косово за евентуално членство

Се очекува Европската унија (ЕУ) следната недела да потпише прелиминарен договор со Косово, кој би отворил патот за пристапувањето на оваа балканска земја во блокот, потег што се смета дека ќе биде корисен и за пристапувањето на Србија во ЕУ, пренесува Reuters.
Овој чекор, сепак, би можел да предизвика вознемиреност во некои земји-членки на ЕУ, кои се борат со внатрешни сепаратистички движења. Шпанија, Кипар, Романија, Грција и Словачка сé уште го немаат признаено Косово, откако јужната покраина се отцепи од Србија во 2008 година, речиси една деценија откако тамошното албанското мнозинство поведе партизанско востание против Белград, додава Reuters.
Косово во јули минатата година ги заврши преговорите со ЕУ околу договорот за асоцијација, чекор на патот кон членството во ЕУ, што би можело да донесе економски придобивки за стабилизација на Приштина.
Reuters пишува дека следната недела, високиот претставник на Европската унија за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини, и комесарот за проширување Јоханес Хан, ќе го потпишат прелиминарниот договор, кој би стапил во сила наредната година./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.