Регион
Роднините на убиените терористи бараат Македонија да им ги предаде телата

Роднините на припадниците на вооружената група кои беа убиени во судирите во Куманово, одржаа протест во средата пред зградата на владата на Косово и побараа од Македонија да им ги предаде телата на нивните роднини.
Околу 500 до 600 Албанци, роднини на косовските граѓани кои беа убиени во Куманово, со минутао молчење оддадоа почит на сите убиени, пренесе Танјуг.
Од оваа вооружена група многумина се наоѓаат во македонските затвори.
Братот на убиениот Мирсад Ндрецај рече дека неговиот брат отишол во Македонија да се бори за правата на Албанците, а не за пари.
На протестите учествуваа поранешни припадници на ОВК, како и неколку пратеници од редовите на Алијанса за иднината на Косово и Самоопределување.
Претседателот на ветераните на ОВК, Џавид Јашари рече дека оние кои се бореле во Куманово се херои. /крај/
Извор: Tanjug
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.