Регион
Романија против бегалските квоти на ЕУ

Романија се противи на системот за квотите кои го предлага Европската комисија за распределување на 160-те илјади бегалци и мигранти коишто веќе се наоѓаат на европската почва, изјави во четвртокот претседателот Клаус Иоханис.
„Сметаме дека тоа не претставува решение, ниту е пристојно да се зборува за задолжителни квоти, пресметани многу бирократски, речиси книговодствено, без советување со државите членки. Станува збор за човечки суштества, а не за предмети“, изјави за медиумите романскиот претседател Клаус Иоханис и истакна дека не е задоволен од планот за квотите на претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.
Иоханис додаде дека романскиот министер за внатрешни работи на клучниот состанок со неговите колеги од земјите членки на ЕУ во понеделникот од Брисел ќе го изрази противењето на Букурешт на тие квоти.
На барање на Јункер, Романија би требало да прими 4.646 бегалци во текот на две години, покрај 1.785-те бегалци кои претходно Букурешт ги предложи да ги прими по договорот постигнат во јули меѓу членките на ЕУ за распределбата на 40-те илјади бегалци кои пролетва пристигнаа во Италија и во Грција.
Романија, којашто инаку е поштедена од бегалската криза, изрази солидарност со понудата да прифати голем број бегалци во однос на нејзините капацитети за прифаќање со коишто располага, истaкна претседателот Иоханис. Според ром,анските власти, земјата има шест центри за прифаќање со вкупно 1.500 места, од кои 20 отсто веќе се исполнети.
Во четвртокот Европскиот парламент со големо, мнозинство ги потврдил итните мерки кои ги предложи Јункер за подобро распределување на бегалците меѓу земјите од ЕУ, како и предлог за формирање механизам за постојана и задолжителна распределба. Европските пратеници притоа со резолуција предупредија на недоволната солидарност на владите во ЕУ во однос на барателите на азил./крај/мф/сн
Свет/Регион Романија против бегалските квоти на ЕУ Букурешт, 10.09.2015 (Макфакс) – Романија се противи на системот за квотите кои го предлага Европската комисија за распределување на 160-те илјади бегалци и мигранти коишто веќе се наоѓаат на европската почва, изјави во четвртокот претседателот Клаус Иоханис.
„Сметаме дека тоа не претставува решение, ниту е пристојно да се зборува за задолжителни квоти, пресметани многу бирократски, речиси книговодствено, без советување со државите членки. Станува збор за човечки суштества, а не за предмети“, изјави за медиумите романскиот претседател Клаус Иоханис и истакна дека не е задоволен од планот за квотите на претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.
Иоханис додаде дека романскиот министер за внатрешни работи на клучниот состанок со неговите колеги од земјите членки на ЕУ во понеделникот од Брисел ќе го изрази противењето на Букурешт на тие квоти.
На барање на Јункер, Романија би требало да прими 4.646 бегалци во текот на две години, покрај 1.785-те бегалци кои претходно Букурешт ги предложи да ги прими по договорот постигнат во јули меѓу членките на ЕУ за распределбата на 40-те илјади бегалци кои пролетва пристигнаа во Италија и во Грција.
Романија, којашто инаку е поштедена од бегалската криза, изрази солидарност со понудата да прифати голем број бегалци во однос на нејзините капацитети за прифаќање со коишто располага, истaкна претседателот Иоханис. Според ром,анските власти, земјата има шест центри за прифаќање со вкупно 1.500 места, од кои 20 отсто веќе се исполнети.
Во четвртокот Европскиот парламент со големо, мнозинство ги потврдил итните мерки кои ги предложи Јункер за подобро распределување на бегалците меѓу земјите од ЕУ, како и предлог за формирање механизам за постојана и задолжителна распределба. Европските пратеници притоа со резолуција предупредија на недоволната солидарност на владите во ЕУ во однос на барателите на азил./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.