Регион
САД ја презедоа контролата над новата ракетна база во Романија

Американската морнарица ја презеде контролата над новата ракетна база на југот на Романија, една од двете во Европа, на која ќе бидат сместени пресретнувачи во рамки на одбранбениот ракетен штит на НАТО, на што се противи Русија.
Базата во Девесел би требало да биде оперативна во 2015 година како дел од балистичкиот систем на одбрана на НАТО.
„Заканата од балистички ракети за САД и нашите сојузници е реална и се поголема“, рече командантот на морнарицата за Европа, Африка и југозападна Азија, американскиот контраадмирал Џон Скорби.
„За среќа, и можностите на НАТО против тие закани исто така се реални и се поголеми“, додаде Скорби.
Уште една ракетна база треба да биде во функција до 2018 година и тоа во Полска.
Ракетниот систем е клучна компонента во плановите на американскиот претседател Барак Обама за етапно воспоставување на одбранбен ракетен штит во Европа. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.