Регион
СЕ: Хрватска да ја преиспита одлуката за укинувањето на кирилицата

Комесарот за човекови права во Советот на Европа (СЕ), Нилс Мужиниекс ја осудил забраната за употребата на кирилицата во градските институции, плоштадите и улиците во хрватскиот град Вуковар, истовремено повикувајќи ги властите во земјата да ја преиспитаат оваа одлука.
„Укинувањето на кирилицата, писмото кое го користи српското национално малцинство во овој град, е чекор назад и спротивно на Конвенцијата за заштита на националните малцинства на Советот на Европа, како и на Европската повелба за регионалните или малцинските јазици на СЕ, чиј потписник е и Хрватска“, се наведува во соопштението од СЕ, пренесуваат српските медиуми.
Комесарот за човеки права од хрватските власти бара да се преиспита спорната одлука на Градскиот совет на Вуковар и да се преземат сите неопходни мерки за да се обезбеди почитувањето на националните малцинства во оваа земја. Тој ги повикал властите да направат повеќе за да обезбедат единство во општеството, како и стабилност на земјата и регионот.
Одлуката на Градскиот совет на Вуковар од 17-ти август за промена на Статутот на градот предвидува укинување на двојазичните табли на јавните институции во тој град и воведена е обврска за секое обраќање кон јавните институции кое ќе биде направено на кирилица да се поднесе молба и плати посебна такса./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Украинско комбе се судри со руски камион во Словенија, петмина загинати

На автопатот кој ги поврзува Марибор и Љубљана, во близина на излезот Словенска Коњица, во правец на Љубљана, се случи тешка сообраќајна несреќа во која загинаа пет лица, а две се повредени. Несреќата се случила кога патничко комбе удрилo во камион. Сите жртви биле странски државјани, соопшти словенечката полиција, јавуваат медиумите во регионот.
Според досега утврденото, возачот на комбе со украински регистарски таблички, кое превезувало седум лица, поради несоодветна брзина, удрил во задниот дел од приколка која стоела во ред поради работи на автопат. Пет лица загинале во комбето на местото на несреќата.
Возачот, кој ја предизвикал несреќата, е полесно повреден, додека патничка е тешко повредена. Двајцата повредени се пренесени во болница, а тешко повреденото лице е пренесено со хеликоптер. Идентитетот на загинатите сè уште се утврдува.
Возачот на камионот, руски државјанин, не е повреден, но му е понудена психолошка помош поради сериозноста на несреќата, објавува Радиотелевизија Словенија. Несреќата се случила непосредно пред одморилиштето Тепање, на дел од автопатот каде што се во тек големи работи – се реновираат 13 километри пат, два тунела и три вијадукти. Полицијата потврди дека несреќата се случила пред работната зона каде што се формираат долги редици поради затворени ленти.
Фото: принтскрин
Регион
Млад човек се удави во Улцињ: трагедија во Црна Гора

Млад човек се удави во Улцињ денеска, во попладневните часови, јавуваат медиумите во регионот.
Според написите, давењето се случило на „Големата плажа“.
Засега нема информации за идентитетот на загинатиот.
Според последните извештаи било подигнато црвено знаме бидејќи имало големи бранови во морето.
Регион
Србија им препорачува на граѓаните да не патуваат во Хрватска на почетокот на август

Министерството за надворешни работи на Србија им препорача на граѓаните на Србија да се воздржат од патување во Хрватска во периодот од 1 до 10 август.
Во соопштението Министерството им советува на граѓаните што ќе бидат на територијата на Хрватска во тој период да избегнуваат собири и други јавни собири, кои може да носат ризик од инцидентни ситуации.
Во тој период – на 5 август, Хрватска ја одбележува годишнината од воено-полициската операција „Бура“. Прославата се одржува на денот кога завршила акцијата. Во Србија годишнината од „Бура“ е на 4 август, денот кога почнала, како ден на сеќавање на жртвите и протераните Срби.