Регион
Седум мртви во семејна трагедија ден по свадба во Војводина

Во северното војводинско село Мартонош кај Кањижа во семејна трагедија убиени се седум лица, потврди во неделата Министерството за внатрешни работи на Србија.
„Поради нарушени семејни односи, малку по 10 часот во местото Мартонош кај Кањижа се случи голема трагедија во којашто животот го загубија седум лица“, се наведува во соопштението на српското МВР.
Според локалните медиуми, поединостите за мотивите за шесткратното убиство не се познати, но сите податоци укажувале дека пореметените семејни односи да го поттикнат 55-годишникот од ловечка пушка да ги застрела шесте членови на неговото семејство на возраст меѓу 25 и 74 години.
Во трагедијата смртно настрадал и самото лице коешто најверојатно ги убило другите, но според медиумите велат дека уште не е јасно дали извршил самоубиство.
Медиумите убиецот го идентификуваат како Раде Шефер кој ден по венчавката на својот син, ги убил снаата и нејзините родители, а претходно ги убил и својата сопруга и нејзините родители, па си го одземал животот.
Убиените ги пронашле сватовите кои дошле да го слават вториот ден од свадбата.
Според непотврдени информации, убиецот кој се противел на свадбата на неговиот син се скарал со својата сопруга по свадбата, ноќ пред убиствата. /крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.