Регион
Шест деца се удавија во близина на турскиот брег

Најмалку шест деца се удавија во петокот во близина на западниот брег на Турција во два чамци со кои бегалци и имирганти се обидувале да стигнат до грчките острови во Егејското Море.
Тeла на четири деца од Авганистан се пронајдени на плажа во областа на градот Ајвалик. Жртвите патувале со гумен чамец кој потонал додека пловел кон грчкиот остров Лезбос. Турската крајбрежна стража во оваа трагедија спасила вкупно 51 лице, Сиријци и Авганистанци.
Уште две деца, Сиријци на возраст од 1 и 4 години, се удавиле во близина на Бодрум, во несреќа на друг чамец кој пловел за островот Кос. Другите 17 патници од овој чамец се спасени.
Од почетокот на годинава повеќе до 650.000 имигранти, главно сириски бегалци, тргнале од турските брегови за да стасаат во Грција. Во истиот период, животите ги загубиле 500, од кои најголемиот број се деца./ркај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.