Регион
Словенија со жица и кучиња ги спречува бегалците да влезат во земјата

Словенечката полиција со жичана ограда и кучиња спречила речиси две илјади бегалци пеш да влезат во земјата, пренесуваат хрватските медиуми.
Со оглед на тоа што меѓу хрватските и словенечките власти не бил постигнат договор за влезот на возот кој превезувал 1.800 мигранти, било одлучено тој да застане на последната станица во Хрватска, а остатокот од патот бегалците го продолжиле пеш, пренесува Hina.
Иако на патниците во возот им била понудена можност да побараат азил и да останат во Хрватска, сите пеш го продолжиле патот по пругата, но словенечката полиција ги дочекала со жичана ограда и кучиња, и не ги пуштила да влезат во земјата.
Претставниците на УНХЦР ја отфрлиле можност преку границата да пропуштат околу 150 бегалци од најранливите категории, со објаснување дека тоа би значело и разделување на семејствата. Повеќе од 1.800 бегалци, меѓу кои и голем број на деца, и натаму на дождот и ладното чекаат да влезат во Словенија.
Hina неофицијално дознава дека на граничкиот премин Банфи кај Штригово, 300 мигранти од шест автобуси сепак успеале да ја поминат границата, а со оглед на тоа дека се работи за помал граничен премин, малиот контингент на словенечката полиција не бил подготвен да спречи толкав бој на луѓе./кра/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.