Регион
Словенија задоволна од најавата на Унгарија за отстранување на оградата од границата

Словенечкиот министер за надворешни работи Карл Ерјавец изјави во петокот дека Унгарија од границата со Словенија веќе ја повлекува оградата и бодликавата жица којашто започна да ја поставува во четвртокот, како и дека тоа е резултат од состанокот кој во четвртокот во Будимпешта со претставниците на унгарските власти го имала словенечката амбасадорка во оваа земја.
„Унгарија ќе ја повлече бодликавата жица од границата, многу сме задоволни и очигледно е дека нашите дипломатски напори беа успешни“, изјави шефот на словенечката дипломатија Карл Ерјавец за словенечката државна телевизија.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан претходно во петокот на прес-конференцијата во австриската престолнина Виена о средбата со австрискиот канцелар Вернер Фајман го коментираше и незадоволството на Словенија од поставувањето на оградата и засиленото присуство на војска и полиција по должина на унгарско-словенечката граница, велејќи дека оградата е поставена само во случај на наидување на поголем број имигранти и дека кон Словенија нема да бидат поставени бариери како кон Србија и кон Хрватска, бидејќи Словенија е во Шенгенскиот простор.
„Оградата којашто е поставена кон Словенија е мобилна и може да биде демонтирана во рок од ден-два“, рече Орбан./крај/мф/сн
Извор: STA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Трета жртва од тешката сообраќајка во Сремска Митровица – почина за време на операцијата

Уште едно лице загинало по сообраќајната несреќа што се случи денес во Сремска Митровица, кога автобус се преврте и излета од патот. Ова е третата жртва на ужасната сообраќајна несреќа.
Како што објави „Н1“, лицето загинало за време на операцијата.
Како што претходно беше објавено, возачот на автобусот е приведен и во притвор до 48 часа.
Повредени се околу 80 лица. Причините за несреќата засега не се познати.
Регион
Вучиќ: Србија ќе се приклучи на развојот на руската вакцина против рак

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека разговарал со Александар Кецман, директор на Институтот „Гамалеја“ во Москва, кој го информирал дека во Русија се развива вакцина против рак.
„Ми објаснија одредени работи. Имаме голем процент на заболени од рак. Оваа вакцина е поинаква, бидејќи им помага на веќе болните луѓе — не е превентивна. Може да биде успешна до 85 проценти,“ рече Вучиќ.
Тој додаде дека Србија ќе се вклучи во проектот веднаш штом Русија го дозволи тоа:
„Ќе подготвиме целосна инфраструктура за да бидеме спремни за два до три месеци. Не можеме уште да ја произведуваме, но ќе направиме сè за да бидеме подготвени.“
Вучиќ нагласи дека во Србија има повеќе случаи на малигни заболувања отколку во другите земји, што, според него, е поврзано со последиците од бомбардирањето во 1999 година.
Регион
Возачот на автобусот приведен по тешката несреќа кај Сремска Митровица: две жртви и 80 повредени

Возачот на автобусот кој денеска се преврте кај Сремска Митровица е приведен и му е одредено задржување до 48 часа, соопшти српското Министерство за внатрешни работи (МУП), пренесе „Н1“.
Во несреќата загинаа две лица, а околу 80 се повредени. 35 повредени лица се згрижени во Општата болница во Сремска Митровица, една личност е пренесена во Клиничкиот центар на Војводина, а уште една е во операциона сала. За останатите се врши дијагностика.
Автобусот на компанијата „Сирмиум бус“, кој превезувал работници од фирмата „Хелткеар“, излета од патот и се преврте на кров од засега непознати причини. Несреќата се случи околу 14:45 часот.
Полицијата го затвори патот и не дозволува пристап до местото на несреќата, а на лице место излезен е и јавен обвинител за да ја утврди причината за трагедијата.