Регион
Смртни закани за српскиот заменик тужител за воени злосторства
Српското Обвинителство за воени злосторства објави во саботата дека е многу загрижено поради заканите со смрт упатени кон заменикот обвинител Бруно Векариќ и неговото семејството, оценувајќи дека во јавноста се создава атмосфера на линч за да се спречат тековните истраги за најтешките масовни злосторства.
Српското Обвинителство за воени злосторства објави во саботата дека е многу загрижено поради заканите со смрт упатени кон заменикот обвинител Бруно Векариќ и неговото семејството, оценувајќи дека во јавноста се создава атмосфера на линч за да се спречат тековните истраги за најтешките масовни злосторства.
Соопштението на српското Обвинителство за воени злосторства уследи по изјавата на пратеникот на владејачката Српска напредна партија (СНС) во српскиот парламент Милован Дрецун, дека Бруно Векариќ е незаконски на функцијата заемник обвинител.
Кампањата којашто ја води парламентарецот и претседател на парламентарната комисија за Косово и Метохија, Милован Дрецун, „создаде атмосфера на линч со цел конечно да се оневозможи работата во истражувањето на најтешките предмети за масовните воени злосторства, како што се ‘Медиуми’, ‘Штрпци’, ‘Исток’, ‘Сребреница’, ‘Насер Орлиќ’“, се наведува во соопштението.
Обвинителството со надлежните органи утврдува од каде стигнуваат таквите закани и истакнува дека „заканите со смрт и обвинувањата за велепредавство нема да ја спречи решителноста да бидат изведени пред правдата сторителите на најтешките воени злосторства“.
Заменикот обвинител Бруно Векариќ се жалеше и претходно на закани и предупреди дека тоа може да има сериозни последици, „Добивам закани. Им се закануваат на моите деца, има закани за луѓето со кои сум најблизок и сето тоа може да се претвори во нешто многу посериозно“, изјави во четвртокот за Радио Б92.
Пратеникот Дрецун истиот ден изјави дека Векариќ противзаконски е на должноста заменик обвинител за воени злосторства и дека не го минал изборот низ Скупштината (парламент) на Србија, туку на функцијата го именувало Државниот совет на обвинителите.
Реагирајќи на тие тврдења, Векариќ изјави дека пратеникот на „напредњаците“ го обвинил, бидејќи како некогашен воен известител еден од осомничениот во предметот „Медиуми“.
„Очигледно станува збор за зла намера и кампања поради предметите ‘Медиуми’, ‘Штрпци’, ‘Братунац’ ‘Исток’, ‘Сребреница’ и ‘Браќата Битичи’. Работиме сериозни предмети за коишто јавноста набрзо ќе слушне, а ваквото изнесување невистини е еден од начините да се загрози самостојноста на обвинителството“, оцени Векариќ за агенцијата Бета.
Во предметот „Медиуми“ се води предистражна постапка против повеќе осомничени за повикување или поттикнување на воени злосторства во текот на 1990-те години, кога пратеникот на владејачката Српска напредна партија, Милован Дрецун, беше воен известувач на Радио-телевизија Србија./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Србија прогласи вонредна состојба поради снегот: Илјадници домаќинства без електрична енергија
Србија утрово се разбуди под снег и мраз, а поради лошите временски услови, вонредна состојба е во сила во дури 11 општини и градови. Најголеми проблеми се прекините на електричната енергија, поради што повеќе од 6.000 домаќинства останаа без струја, пишува Н1 Србија.
Илјадници домаќинства без струја
Милорад Спасојевиќ од Секторот за вонредни ситуации потврди за РТС дека најголемиот проблем е прекинот на електричната енергија. „Околу 6.450 потрошувачи се без струја. Најлошо е во златиборската, колубараската, моравичката и мачванската област“, рече Спасојевиќ.
Цела Србија се разбуди со температури во минус. Најстудено беше на Копаоник, каде што беа измерени -17 степени, додека најниските температури меѓу градовите беа забележани во Кикинда и Сјеница, со -10 степени.
Според податоците од Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ) од 6:09 часот наутро, во Белград, Ниш и Крагуевац се измерени -5 степени, а во Нови Сад -8 степени. На Црни Врх, каде што е регистрирана и снежна бура, температурата била -13 степени, а на Златибор -11 степени. По многу студеното утро, се очекува температурата да се зголеми на некои места во текот на денот.
Поради опасни временски феномени, утрово е во сила портокалова временска тревога за Белград, Бачка, Банат, Срем, Западна Србија, и Југозападна Србија.
Регион
Во Загреб падна замрзнат дожд
Поради најавените ниски температури и замрзнат дожд, за кои Државниот хидрометеоролошки завод издаде портокалово предупредување, постои ризик од формирање мраз на тротоарите и други површини во Загреб, објави Градот Загреб, пренесува Индекс.хр.
Градот известува дека возилата на Зимската служба на Загребските патишта превентивно ги посолуваат патиштата во областа на Загреб.
Градот Загреб апелира до сите учесници во сообраќајот, возачи и пешаци, да ги прилагодат своите движења на тешките и потенцијално опасни временски услови. На возачите им се препорачува да избегнуваат непотребно патување, да возат побавно со поголем растојание помеѓу возилата, да избегнуваат нагло сопирање и забрзување и да користат зимска опрема и соодветни гуми. Посебна претпазливост е потребна на мостовите, надвозниците и кривините.
Пешаците се повикуваат да бидат дополнително внимателни, да се движат побавно, да носат соодветни обувки и да избегнуваат замрзнати површини секогаш кога е можно.
фото/депозитфотос
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)

