Регион
Снежно невреме предизвика хаос во сообраќајот во Истанбул

Обилните снежни врнежи предизвикаа во средата хаос во авионскиот, патниот и водениот собраќај во Истанбул, а поради невремето привремено беше затворен главниот турски аеродром.
Поради снегот во Истанбул се случија стотици сообраќајни несреќи, пренесе агенцијата АФП.
Турската авиокомпанија „Туркиш ерлајнс” мораше да одложи или да откаже стотина летови од Меѓународниот аеродром Ататурк, водечки аердором во државата, како и од аеродромот „Сабиха Гокчен“.
Аеродромот Ататурк беше затворен на два часа за да се исчисти пистата од снег и мраз, по што аердоромот е повторно отворен.
Турските медиуми јавија дека претходно во текот на денот авионот кој долетал од Бејрут излетал од пистата поради мразот, но никој од патниците не е повреден.
Снежното невреме ја прекиа пловидбата за бродови низ Босфорскиот теснец, кој е еден од најпрометните на светот. /крај/
Извор: DHA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.