Регион
СНП: Што поскоро кревање на ѕид на границата со Македонија
Српската народна партија (СНП) побарала што поскоро кревање на ѕид на границата со Македонија, со што според нив би се спречил бранот мигранти во Србија, пренесуваат српските медиуми.
Од оваа партија наведуваат дека тоа го бараат поради тоа што „српската полиција би можела да се соочи и со припадници на терористичката организација Исламска држава, кои меѓу мигрантите овие денови поминуваат низ Србија“.
„И по најновите акции на македонската држава и војска, со цел спречување на неконтролираниот влез на илегални мигранти од Азија и Африка, СНП уште поодлучно бара што поскора изградба на ѕид на границата со Македонија“, порачуваат од партијата.
Од СНП ги прашуваат и оние политички активисти и функционери на „таканаречените невладини организации“, кои предлогот на партијата го нарекуваат „нецивилизациски“, поради што мигрантите не бегаат кон најбогатите земји на светот, кои практично се нивни соседи, а исто така и исламски земји, како Саудиска Арабија, Катар, Кувајт, Обединетите Арапски Емирати, туку итаат кон Европа?
„Зошто мигрантите не одат во богатата Турција каде живеат 80 милиони припадници на ним близок народ, туку доаѓаат во сиромашната Србија? Од голема важност е да ги информираме граѓаните на Србија дека Саудиска Арабија започна да гради ѕид долг илјадници километри, со жичана ограда и под непрекинат надзор и стражарски места“, велат од СНП.
Тоа го прават за да се заштитат од неконтролираниот прилив на мигранти, а меѓу нив и потенцијални терористи, наведува СНП и додава дека Саудиска Арабија го прави тоа иако мигрантите им се сродни Арапи и муслимани.
„Поради тоа, Србија не треба да се срами од идејата за изградба на ѕид на границата со Македонија, туку треба што поскоро да започне со изградбата, додека не е доцна, за да ја заштити својата територија и граѓаните од неконтролираната наезада на мигранти, меѓу нив и потенцијални терористи“, порачале од оваа српска партија.
Принципот кој го предложува СНП за решавање на проблемот со мигрантите е целосно ист како принципот кој по ова прашање го применуваат ЕУ, САД и арапските земји, било наведено во соопштението од СНП./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Ана Брнабиќ за 2 јуни распиша локални избори во 66 единици на локалната самоуправа
Претседателката на српското собрание Ана Брнабиќ распиша избори за 2 јуни во 66 единици на локалната самоуправа, бидејќи Националното собрание неодамна со две третини ги усвои измените на Законот за локални избори.
Изборите во овие локални самоуправи ќе се одржат на ист ден со изборите за советници во Градското собрание на Белград, односно на 2 јуни годинава.
„Среќна сум што испративме силна порака од парламентот до сите наши граѓани дека како нивни избрани сме способни да разговараме и да постигнеме договор и покрај сите наши разлики“, рече Брнабиќ по објавата.
Регион
(Видео) Уапсени Срби во Атина, поранешни членови на „Пинк Пантер“: осомничени се за украден накит вреден 315.000 евра
Двајца Срби, кои во минатото биле членови на организацијата „Пинк Пантер“, се уапсени во Атина под сомнение дека ограбиле две познати златарници во центарот на грчката престолнина, соопшти атинската полиција.
Според соопштението на грчката полиција, уапсените оперираат најмалку од минатиот декември, а се претпоставува дека имале соодветна мрежа за канализирање на украдени предмети, бидејќи оствариле добивка од над 315.000 евра.
По претресот во нивните домови, меѓу другото, пронајден е алат користен при кражбата, три рачни часовници, накит, 190 евра, лажна возачка дозвола, три мобилни телефони, лични предмети, како и дополнителен мотоцикл и автомобил што служеле за превоз.
Регион
Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“
Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен стимулатор. Пред еден месец новата технологија ја примил загрепчанец кој поради Паркинсоновата болест речиси станал неподвижен.
„Поентата на таа електрода е што стимулира дел од мозокот и на тој начин ја подобруваме клиничката слика, а батеријата освен што стимулира, купува и информации од тој дел од мозокот што го стимулираме и на тој начин можеме да ги подобриме симптомите“, изјави неврохирургот Фади Алмахарик за RTL.
Во КБ Дубрава изминативе 24 години се врши длабока мозочна стимулација, но првиот пациент беше опериран со оваа најнова технологија на крајот на март. Станува збор за 67-годишен загрепчанец со Паркинсонова болест, кој сега е пуштен на домашно закрепнување.
„Во договор со неврологот, стимулацијата се вклучува, терапијата се намалува, пациентот веднаш по вклучувањето на стимулацијата покажува знаци на моторно подобрување. Беше отпуштен дома на физикална терапија и дополнително прилагодување на стимулацијата“, изјави неврохирургот Марина Рагуж.
Веднаш штом ги отстранивме шевовите по 10 дена, почнавме со стимулација и денес пациентот може да вози велосипед, да плива, да се врати на своето секојдневие“, вели хирургот.