Регион
Со камења нападната албанската амбасада во Подгорица
Црногорската полиција потврди дека во четвртокот претпладнето со камења била нападната зградата на амбасадата на Албанија во центарот на главниот град Подгорица, како и дека поради овој инцидент привела три лица за кои има сомневања дека учествувале во нападот.
Црногорската полиција потврди дека во четвртокот претпладнето со камења била нападната зградата на амбасадата на Албанија во центарот на главниот град Подгорица, како и дека поради овој инцидент привела три лица за кои има сомневања дека учествувале во нападот.
Црногорската полиција, исто така, соопшти дека во каменувањето нема повредени, ако и дека на амбасадата и на соседните згради е причинета минимална штета.
Медиумите во Подгорица пренесуваат дека во четвртокот околу 10.30 часот непознати лица со качулки на главите ја засипале албанската амбасада со камења. Од дипломатската мисија на Албанија во Црна гора одбиле да го коментираат инцидентот, потврдувајќи само дека на зградата на амбасадата се искршени прозорци.
Се смета дека инцидентот е прекинат со провокацијата и насилствата на квалификацискиот меч од вторникот навечер одигран на стадионот на Партизан во Белград меѓу фудбалските репрезентации на Србија и на Албанија кој беше прекинат откако пред крајот на првото полувреме над теренот се појави беспилотно летало на далечинско управување со знамето на Голема Албанија што предизвика тепачки на теренот и безредија на трибините.
Во врска со инцидентот во четвртокот се огласи и претседателот на црногорскиот парламент, Ранко Кривокапиќ, кој изјави дека „Црна Гора секогаш била дел од нечиј голем план“, како и дека не го загрижува тоа што дел од црногорската територија се најде на знамето со картата на Голема Албанија.
„Тоа што сите околу нас нé вцртуваат во некакви карти, не е причина ние да се грижиме, туку тие да се загрижат, бидејќи тоа се политики кои пропаднаа и кои секогаш пропаѓале. И во деведесеттите и претходно. Така што тоа е повеќе грижа на оние коишто ги цртаат, толку за нас кои постојано сме на нив, цел еден милениум“, рече Кривокапиќ.
Првиот црногорски парламентарец, исто така, може да се забележат обиди за враќање на Балканот на ситуацијата од деведесеттите години на минатиот век.
„Се обидуваат да го вратат (Балканот) на некои активности, но тоа е она што е постојан предизвик. Додека не се демократизираат општествата, не зајакнат институциите и не се интегрираме во Европската унија, додека владеењето на правото не биде доминантно, тие се подложни на манипулации“, рече Кривокапиќ и порача дека на оние кои лошо владеат секогаш им се потребни националистички поделби.
Кривокапиќ рече и дека нема намера да отвори расправа во парламентот, како што бараше црногорската опозиција, за инцидентите во поедини црногорски градови со мешано население, по натпреварот во Белград, која етничките Албанци излегоа на улиците да „прославуваат“.
„Не планирам да отворам расправа по повод нешто што се случува во друга држава и не видов никакви политички последици поради кои со тоа би требало да се занимава парламентот“, заклучи Кривикапиќ./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Автобус изгоре на автопат кај Солун, патниците навреме евакуирани
Пожар избувна рано утринава во градски автобус што сообраќал на линија во предградието Синдос во Солун, во северна Грција, јавува „Катимерини“.
Пожарот настанал додека автобусот се движел по автопатот Патра–Атина–Солун–Евзони. Сите тројца патници и возачот навреме го напуштиле возилото, додека автобусот целосно бил уништен од огнот.
Противпожарната служба интервенирала за гаснење на пожарот и спроведува истрага за причините за инцидентот.
Фото: илустрација (Depositphotos)
Регион
Бомба фрлена врз куќата на Здравко Чолиќ во Белград
Доцна синоќа беше фрлена бомба врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ во белградската населба Дедиње.
Полицијата и дежурниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград се на местото на настанот, а истрагата е во тек, пренесуваат медиумите во регионот.
Деталите, според написите, засега не се познати, но според извештаите никој не е повреден во експлозијата, но е причинета голема материјална штета, пишува „Телеграф“.
Пејачот бил во куќата
Полицијата веднаш ги блокирала приодите кон куќата по приемот на пријавата.
Припадници на Министерството за внатрешни работи спроведуваат истрага, а форензички експерти собираат докази и ги прегледуваат снимките од безбедносните камери за да го идентификуваат сторителот, пишува медиумот.
Во моментот кога била фрлена бомбата, Чолиќ, неговата сопруга и помладата ќерка Лара биле во вилата.
Според Телеграф, тие спиеле во моментот на експлозијата, а звукот ги разбудил.
Фото: ЕПА
Регион
Фалсификуваните пари за Балканот и ЕУ најчесто доаѓаат од Романија
Најголемите количини фалсификувани пари што пристигнуваат на Балканот и во земјите на Европската Унија потекнуваат од илегални фабрики во Романија.
Криминалните групи ги набавуваат фалсификатите по цена од околу 20 отсто од вредноста на оригиналниот новац, што значи дека за еден милион евра лажни пари се плаќаат околу 200.000 евра.
Според наводите, во Романија се фалсификуваат евра, кувајтски динари и американски долари, додека британската фунта се смета за најтешка за фалсификување.
Членовите на овие групи често се претставуваат како Италијанци, Арапи, Грци или Чеси, а меѓу нив има и криминалци од просторот на поранешна Југославија. Тие преку огласи бараат недвижности, луксузни автомобили, јахти, скап накит, уметнички дела и други вредни предмети.
Средбите најчесто се организираат во градови на северот на Италија, а како алтернативи се користат и градови во Франција, земјите на Бенелукс или Шпанија. Криминалните групи дејствуваат во поголем состав, со цел да ѝ го отежнат работењето на полицијата, пренесе Танјуг.

