Регион
Спасени 29 рудари во Зеница, петмина загинаа
Екипите за спасување во петокот околу пладне успеаја да ги пробијат наносите од земја кои блокираа 34 рудари во јама на рудник за јаглен во Зеница по што почнале со извлекување на рударите кои беа затрупани во рудникот од четвртокот, пренесуваат медиумите.
Спасувачите успеале да им помогнат на 29 рудари, додека пет лица ги загубиле своите животи.
Првиот од групата рудари, кои беа отсечени од светот повеќе од дваесет часа, успеа да излезе од јамата „Распоточје“ десет минути пред дванаесет часот.
Тој и неговите колеги изгледале исцрпено, потполно прекриени со прашина од јаглен, но, сепак, биле добри и можеле да комуницираат.
Веднаш им биле дадена прва помош, а потоа биле префрлени во градската болница за да им бидат направени детални прегледувања.
„На рударите сево ова им беше тешко да го издржат“, рекол пред новинарите Седин Туфекчич, кој од четвртокот бил вклучен во пробивањето на наносите од земја за да ги спаси своите колеги.
Туфекчич појаснил дека операцијата за спасување била многу тешка, бидејќи земјотресот предизвикал рушење на дел од јамата и на пристапните алтернативни ходници.
Туфекчич нагласил дека, сепак, несреќите од овој тип се составен дел од рударската професија.
„Ние сме навикнати на ваквите случувања. Тоа е нашата судбина и ние и понатаму ќе продолжиме да го работиме тоа“, истакнал рударот.
Директорот на рудникот, Есад Чивич, претходно истакнал дека и покрај несреќата тој не размислува да го затвори рудникот туку дека во идниот период планира да отвори неколку безбедносни локации во внатрешноста на јамата./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)
Регион
Обилните дождови ги затворија патиштата во Црна Гора, се заканува раст на Скадарското Езеро
Неколку патишта беа затворени низ Црна Гора денес поради обилни врнежи од дожд во изминатите 24 часа. Водата се заканува и на бројни домови, а се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми во текот на ноќта кон среда.
Црногорското Министерство за внатрешни работи објави дека последиците од обилните врнежи од дожд се регистрирани во општините Никшиќ, Даниловград, Мојковац, Бијело Поље, Улцињ, Плевља, Подгорица, Колашин и Беране.
„Поради лизгање на земјиштето и излевање на реките, сообраќајот е прекинат на неколку патни правци“, се вели во соопштението на црногорското Министерство за внатрешни работи.
Според најновите информации од 15 часот, нивото на водата на сите реки се намалува, освен на реката Зета и Скадарското Езеро, кое Црна Гора го дели со Албанија. Околу две третини од ова езеро, најголемо на Балканот, ѝ припаѓа на Црна Гора, а една третина на Албанија.
Во текот на ноќта се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми поради контролираното испуштање вода од хидроелектраните на реката Дрим, кое го спроведува албанската страна.
Албанскиот премиер Еди Рама претходно во вторник изјави дека, поради зголемениот проток на реката Дрим, започнале контролирани испуштања вода од хидроелектраните што би можело да доведе до ненадејно зголемување на нивото на Скадарското Езеро.
Регион
(Видео) Снегот уриваше дрвја и оштети автомобили во Белград
Обилниот снег што падна во Србија во неделата предизвика проблеми во сообраќајот, прекини во електричната енергија и го отежна секојдневниот живот на граѓаните, а новиот удар на зимата беше особено видлив во Нов Белград, каде што обилните снежни врнежи соборија дрвја, а гранки паднаа врз паркираните автомобили.
Во една белградска населба, снегот беше доволно силен за да собори неколку дрвја и дебели гранки од улиците и зелените површини, предизвикувајќи штета на некои автомобили.
Снежните врнежи во поголемиот дел од Србија беа пообилни од вообичаените за ова време од годината.
Во некои области наврнаа повеќе од 25 сантиметри снег за помалку од 24 часа, предизвикувајќи доцнења во сообраќајот и летовите од аеродромот во Белград, како и привремени проблеми со електричната мрежа во планинските области.

