Регион
Србија бара да се разјасни кои се новите услови на ЕУ за пристапните преговори
Српскиот министер за надворешни работи и вицепремиер, Ивица Дачиќ, изјави во средата дека Србија инсистира на разјаснување на условите за пристапните преговори со Европската унија (ЕУ), спротиставувајќи се на она што го нарече постојано поставување нови услови.
„Не велиме дека ќе водиме војна со ЕУ, но мораме да се разјасниме“, изјави шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ на прес-конференцијата по средбата со колегата од Замбија, оценувајќи на прашање на новинарите дека Србија „иако не е моќна, не може да биде удирана со шлаканици“ со зачестените поставувања на нови услови за отворање на пристапните поглавја за преговорите со ЕУ.
Коментирајќи ги условите кои Германија ги поставила за отворање на поглавјата и на прашањето да ја објасни својата претходна изјава дека Србија не прифаќа нови услови, Дачиќ рече дека Белград не ја прифаќа таквата практика.
„Не сакаме со нас да се разговара на тој начин. Не прифаќаме никаква практика да имаме официјален став дека нови услови нема, а да се покаже дека тие постојат“, порача српскиот министер за надворешни работи.
„Траба да се разговара, односно ЕУ треба да разговара со Германија што ќе правиме натаму“, додаде Дачиќ запрашувајќи каква врска има „Паркот на мирот“ на мостот во Косовска Митровица, кој го раздвојува албанскиот од мнозинскиот српски дел од градот на северот од поранешната српска јужна покраина, со Бриселската спогодба и „како тој се појави на врвот на германските услови“, пренесува Танјуг.
Дачиќ потсети дека дополнително се поставуваат 11 точки кои ги усвоил германскиот парламент, што е услов Берлин потврдно да одговори на отворањето на некои од поглавјата. Меѓу тие услови се прашањето за отворањето на мостот и „Паркот на мирот“ во Митровица.
Предупредувајќи дека тоа не е опфатено со договорот од Брисел за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, Дачиќ оцени дека „очигледно станува збор за нови услови“.
Претходно белградските медиуми објавија дека Дачиќ изјавил оти Србија повеќе нема да ја прифаќа практиката на „подвижни цели“. „Таа практика Србија повеќе не ја прифаќа. Ние играме со отворени карти. Сите свои обврски ги извршивме и не дозволуваме некој да си поигрува со нас“, порачал Дачиќ кого го цитираше РТС./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Србија е меѓу првите во регионот што воведува тестирање за алкохол кај летачкиот и кабинскиот персонал
Од 1 јануари 2026 година, во Србија ќе почне систематско тестирање на летачкиот и кабинскиот екипаж за присуство на алкохол.
Со тоа, Србија станува една од првите земји во регионот што ја воведува оваа постапка во целост, објави Дирекцијата за цивилно воздухопловство на Србија.
Тестирањето ќе се спроведува на летачкиот и кабинскиот екипаж на домашни и странски авиони што ги користат аеродромите во Србија.
Проверките ќе ги вршат специјално обучени и овластени воздухопловни инспектори на Дирекцијата.
Постои нулта толеранција за присуство на алкохол кај членовите на екипажот на авионите.
За мерење на количината на алкохол ќе се користат сертифицирани и калибрирани уреди за мерење на алкохол во здивот, кои имаат доказна вредност во судските постапки.
Во случај член на летачкиот или кабинскиот екипаж да го одбие тестот или тестот утврди присуство на алкохол, воздухопловниот инспектор привремено ќе му забрани да ги извршува должностите на член на екипажот и ќе го пријави тоа на надлежните органи.
По правило, тестирањето ќе се врши во кабината на авионот, а податоците за спроведените тестови ќе се внесуваат во централизирана база на податоци управувана од Агенцијата за безбедност на воздухопловството на Европската Унија (EASA).
За почетокот на примената на оваа постапка, Дирекцијата навремено ги информираше сите воздухопловни субјекти во Србија и EASA, која има улога да обезбеди поддршка во дефинирањето на приоритетите за тестирање и управувањето со релевантните податоци.
Фото: depositphotos
Регион
Хрватска: Во тек е јавна дебата за изградбата на првата нуклеарна централа
Во Хрватска, Предлог-законот за примена на нуклеарна енергија за цивилни цели, изготвен од работна група составена од голем број експерти од областа, е пуштен на јавна дебата, што всушност е првиот сериозен правен чекор во долгорочниот и скап процес на изградба на првата нуклеарна централа на хрватска територија.
Во последните месеци, министерот за економија Анте Шушњар често се појавуваше во јавноста со идејата дека Хрватска треба да изгради сопствена нуклеарна централа, што во овие нови геополитички околности и трендови на напуштање на фосилните горива, како и во времето на револуцијата на вештачката интелигенција и потребата од огромни количини електрична енергија, би донело стабилност во електроенергетскиот систем на земјата и би влијаело на намалувањето на емисиите на штетни гасови, пренесува „Танјуг“.
Од нацрт-верзијата на предложениот закон е јасно дека Хрватска во иднина во голема мера ќе се потпира на нуклеарна енергија. Планот е една третина од електричната енергија до 2040 година да доаѓа од нуклеарни извори.
Регион
Бахамите го признаа Косово
Бахамите официјално ја признаа Република Косово како независна и суверена држава, соопшти косовската претседателка Вјоса Османи.
Османи го потпишала договорoт на Бахамите со премиерот Филип Брејв Дејвис. На социјалната мрежа „Икс“ беше објавено заедничко соопштение во кое се наведува дека двете земји воспоставиле дипломатски односи, кои стапуваат на сила со денот на потпишување на заедничкото комунике, во согласност со меѓународното право и Виенската конвенција за дипломатски односи од 1961 година.
Bahamas recognizes the Republic of Kosovo as a sovereign and independent state! 🇽🇰 🇧🇸
We just signed our bilateral agreement with Prime Minister @honphilipedavis. On behalf of the people of Kosovo, I extend my sincere gratitude for this decision of historic significance!
Full… pic.twitter.com/a9LLtW2BW7
— Vjosa Osmani (@VjosaOsmaniPRKS) December 19, 2025
Во соопштението се наведува дека Бахамите и Косово ја потврдиле посветеноста на целите и принципите на Повелбата на Обединетите нации и изразиле намера да развиваат соработка во области од заемен интерес, како што се трговијата, туризмот, образованието, културата, технологијата и јавниот сектор.
Двете земји изразиле очекување за воспоставување топло и продуктивно партнерство.
Годинава, независноста на Косово ја признаа и Сирија, Судан и Кенија.
depositphotos

