Регион
Шведска тврди дека станува збор за банди, БиХ за терористи
Властите на Босна и Херцеговина тврдат дека уапсените во петокот пет лица со експлозивни направи се поврзани во тероризам, додека власите во Шведска наведуваат дека не станува збор за терористички активности, туку за пресметка меѓу банди.
„Добивме информации дека станува збор за кривично дело тероризам, што тоа и всушност е. Лицата се откриени со експлозивни направи и во БиХ тоа се води и се процеусира како кривично дело од тероризмот“, изјави портпаролот на Државното обвинителство на БиХ, Борис Грубешиќ. Додаде дека на почетокот на соработката со истражните органи од Шведска и Холандија овој процес бил карактеризиран како тероризам.
„Кога соработката започна имавме иницијални информации во меѓународната комуникацијата дека станува збор за тероризам и така е процесуирано“, додаде Грубешиќ. Притоа појасни дека е можно властите во Шведска севкупниот случај веројатно поинаку го дефинираат во својот кривичен законик.
Шведската полиција ги демантираше наводите на босанската државна полициска агенција SIPA дека во меѓународната полициска акција под кодно име „Бенелукс“ уапсени се пет лица поврзани со тероризам.
„Ова не е никаква терористичка истрага, туку е поврзано со истрагата што ја водиме во Малме веќе подолго време“, изјави Лота Хансон, портпаролка на полициската на шведскиот регион Скане, пренесе Al Jazeera.
Медиумите ги интересираше дали ова истрага има поврзаност со експлозиите кои неодамна се случуваа во Малме. „Тоа не можам да го коментирам, меѓутоа, можам да тврдам дека ова нема никаква врска со тероризам“, одговори Хансон.
Во петокот во две синхронизирани акции на граничниот премин кон Хрватсак – Босански Брод и во Сараево уапсени се пет лица со две импровизирани експлозивни направа кои требало да ги достават во Шведска. Според медиумите уапсени се четворица босански државјани и државјанин на Шведска од арапско потекло./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Бахамите го признаа Косово
Бахамите официјално ја признаа Република Косово како независна и суверена држава, соопшти косовската претседателка Вјоса Османи.
Османи го потпишала договорoт на Бахамите со премиерот Филип Брејв Дејвис. На социјалната мрежа „Икс“ беше објавено заедничко соопштение во кое се наведува дека двете земји воспоставиле дипломатски односи, кои стапуваат на сила со денот на потпишување на заедничкото комунике, во согласност со меѓународното право и Виенската конвенција за дипломатски односи од 1961 година.
Bahamas recognizes the Republic of Kosovo as a sovereign and independent state! 🇽🇰 🇧🇸
We just signed our bilateral agreement with Prime Minister @honphilipedavis. On behalf of the people of Kosovo, I extend my sincere gratitude for this decision of historic significance!
Full… pic.twitter.com/a9LLtW2BW7
— Vjosa Osmani (@VjosaOsmaniPRKS) December 19, 2025
Во соопштението се наведува дека Бахамите и Косово ја потврдиле посветеноста на целите и принципите на Повелбата на Обединетите нации и изразиле намера да развиваат соработка во области од заемен интерес, како што се трговијата, туризмот, образованието, културата, технологијата и јавниот сектор.
Двете земји изразиле очекување за воспоставување топло и продуктивно партнерство.
Годинава, независноста на Косово ја признаа и Сирија, Судан и Кенија.
depositphotos
Регион
Путин првпат зборуваше за НИС: Верувам дека Белград ќе ги исполни своите обврски
Рускиот претседател Владимир Путин повеќе од две децении одржува годишна прес-конференција, на која ги презентира своите политички ставови и анализи на јавноста во Русија и во странство.
За време на конференцијата, новинар од Србија го потсети рускиот претседател дека Нафтената индустрија на Србија (НИС), заедничко вложување меѓу Русија и Србија, ги трпи последиците од западните санкции. Тој го праша Путин како ја коментира оваа ситуација?
„Што се однесува до НИС, притисокот од западните санкции продолжува, а ова е показател за политичка моќ. Москва претпоставува дека Белград ќе ги исполни своите обврски, а двете земји ќе спроведат многубројни други проекти“, рече Путин не сакајќи да се продлабочува на оваа тема.
Претходно денес, рускиот претседател изјави за „Спутник“ дека знае што се случува со компанијата НИС и дека се надева оти ќе се најде заедничко решение.
„Знаеме што се случува со компанијата НИС. Имаме меѓудржавен договор и претпоставуваме дека пријателското српско раководство ќе го земе ова предвид. Имаме идеја за насоката во која сакаме да се движиме заедно. Работиме на тоа и се надевам дека ќе го најдеме потребното решение“, рече рускиот претседател.
Тој исто така рече дека без оглед на надворешната аспирација за подобрување на односите, притисокот со санкции ќе продолжи како начин за покажување сила, пренесува „Раша тудеј“.
„Москва претпоставува дека Белград ќе ги исполни своите обврски и дека Русија и Србија ќе спроведат многубројни други заеднички проекти“, рече тој.
НИС е под санкции на САД од почетокот на октомври поради мнозинската руска сопственост, што значително го комплицира работењето на една од најважните компании за функционирање на целата српска економија.
Рускиот „Газпромнефт“ е мнозински сопственик на НИС, а рускиот претседател рече дека земјата инвестирала повеќе од три милијарди долари во компанијата.
фото/депозитфотос
Регион
E-пошта со безбедносни закани во училиштата во Словенија: учениците итно евакуирани
Неколку основни и средни училишта низ Словенија денес добија е-пошта со безбедносни закани, а некои беа евакуирани како мерка на претпазливост, објави полицијата.
Главната полициска управа на Љубљана изјави дека реагирала веднаш по приемот на заканувачки пораки, собрала информации и ги спровела сите потребни мерки за да ја осигура безбедноста на учениците и персоналот, објави СТА.
Досега собраните податоци укажуваат дека станува збор за генерички закани, без конкретна оперативна опасност.
Полицијата процени дека ситуацијата носи мал ризик и дека нема потреба од дополнителен аларм.
Министерот за образование беше информиран за инцидентот, пишуваат медиумите.
Фото: депозитфотос

