Регион
Тирана: Ниту една опасност за безбедноста на Папата

Во пресрет на посетата на Папата Франциск на Албанија во недела, 21-ви септември, албанското Министерство за внатрешни работи презема големи безбедносни мерки и нема ниту една опасност за безбедноста на Папата, изјавил Директорот на албанската полиција, Артан Диди.
Медиумите во Тирана јавија дека во рамки на безбедносните мерки пред неколку дена албанското МВР побарало од Ватикан во албанскиот глевен град да се донесе и блиндираниот автомобил на Папата, но Ватикан оценил дека за тоа нема потреба.
Американската амбасада во Тирана ги повика своите државјани да бидат внимателни на денот на посетата на Папата.
Инаку албанските власти веќе ја одредија локацијата каде ќе се одржи обраќањето на Папата во Тирана, а тоа е плоштадот Мајка Тереза.
Пред пристигнувањето во Тирана, Папата во една телевизиска порака изјави дека албанскиот народ е народ кој имал тежок живот за време на комунизмот и дека во Албанија има добар верски соживот.крај/мф/мн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.