Регион
Тројца турски војници убиени во два напада на PKK
Двајца турски војници се убиени во заседа поставена од припадниците на забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK) во југоисточната покраина Ширнак, а уште еден е убиен во одделен напад во истата покраина, пренесуваат турските медиуми во вторникот.
Борците на PKK нападнале патрола на турските безбедносни сили утрото во вторникот, при што покрај двајцата загинати војници ранет е и припадник на селската милиција составена од локално население, откако на локалниот пат била детонирана експлозивна направа, се наведува во армиското соопштение.
Со додава и дека веднаш по инцидентот полетал авион до воената база Малатја кој извршил бомбардирање во планинската област Даглача во југоисточна покраина.
Попладнето, пак, уште еден турски војник е убиен а друг ранет во одделен инцидент кој ѝ се припишува на PKK, кога со ракетен фрлач била гаѓана командна позиција на 172-та тенковска бригада на турската армија стационирана крај градот Силопи, исто така, во покраината Ширнак.
Претходно ноќта кон вторникот уште еден припадник на жандармеријата бил ранет кога неговото оклопно возило наишло на далечински активирана експлозивна направа поставена крај пат во округот Нусајбин на југоисточната покраина Мардин.
Турција по нападот од 20-ти јули во пограничниот град Суруч во кој беа убиени 32 курдски активисти во самоубиствен бомбашки напад што го изведе млад турски џихадист припадник на Исламската држава убиството на двајца полицајци во југоисточните покраини за што одговорноста ја презема PKK, презема антитерористичка операција. Во воздушните удари, декларирано цел на турската авијација се позициите на Исламската држава во Сирија за што инаку многу малку информации, и врз PKK во северната ирачка автономна покраина Курдистан, каде што тврди дека елиминирала најмалку 300 нејзини борци.
Според медиумите, во терористичките напади на турска територија изминатава седмица загинале 50 луѓе, откако курдската организација на своите интернет страници објави дека примирјето со Анкара и мировните преговори започнати во 2013 година по повеќе од три децении и 40.000 жртви, „го загубило значењето“./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Ана Брнабиќ за 2 јуни распиша локални избори во 66 единици на локалната самоуправа
Претседателката на српското собрание Ана Брнабиќ распиша избори за 2 јуни во 66 единици на локалната самоуправа, бидејќи Националното собрание неодамна со две третини ги усвои измените на Законот за локални избори.
Изборите во овие локални самоуправи ќе се одржат на ист ден со изборите за советници во Градското собрание на Белград, односно на 2 јуни годинава.
„Среќна сум што испративме силна порака од парламентот до сите наши граѓани дека како нивни избрани сме способни да разговараме и да постигнеме договор и покрај сите наши разлики“, рече Брнабиќ по објавата.
Регион
(Видео) Уапсени Срби во Атина, поранешни членови на „Пинк Пантер“: осомничени се за украден накит вреден 315.000 евра
Двајца Срби, кои во минатото биле членови на организацијата „Пинк Пантер“, се уапсени во Атина под сомнение дека ограбиле две познати златарници во центарот на грчката престолнина, соопшти атинската полиција.
Според соопштението на грчката полиција, уапсените оперираат најмалку од минатиот декември, а се претпоставува дека имале соодветна мрежа за канализирање на украдени предмети, бидејќи оствариле добивка од над 315.000 евра.
По претресот во нивните домови, меѓу другото, пронајден е алат користен при кражбата, три рачни часовници, накит, 190 евра, лажна возачка дозвола, три мобилни телефони, лични предмети, како и дополнителен мотоцикл и автомобил што служеле за превоз.
Регион
Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“
Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен стимулатор. Пред еден месец новата технологија ја примил загрепчанец кој поради Паркинсоновата болест речиси станал неподвижен.
„Поентата на таа електрода е што стимулира дел од мозокот и на тој начин ја подобруваме клиничката слика, а батеријата освен што стимулира, купува и информации од тој дел од мозокот што го стимулираме и на тој начин можеме да ги подобриме симптомите“, изјави неврохирургот Фади Алмахарик за RTL.
Во КБ Дубрава изминативе 24 години се врши длабока мозочна стимулација, но првиот пациент беше опериран со оваа најнова технологија на крајот на март. Станува збор за 67-годишен загрепчанец со Паркинсонова болест, кој сега е пуштен на домашно закрепнување.
„Во договор со неврологот, стимулацијата се вклучува, терапијата се намалува, пациентот веднаш по вклучувањето на стимулацијата покажува знаци на моторно подобрување. Беше отпуштен дома на физикална терапија и дополнително прилагодување на стимулацијата“, изјави неврохирургот Марина Рагуж.
Веднаш штом ги отстранивме шевовите по 10 дена, почнавме со стимулација и денес пациентот може да вози велосипед, да плива, да се врати на своето секојдневие“, вели хирургот.