Регион
Турција дозволува носење шамии во училиштата

Турција наскоро ќе дозволи девојченцата и девојките да ги прекриваат главите со шамии во текот на наставата во јавните основни и средни училишта, соопшти за тамошните медиуми по состанокот на неговиот кабинет, премиерот Ахмед Давутоглу.
Турција наскоро ќе дозволи девојченцата и девојките да ги прекриваат главите со шамии во текот на наставата во јавните основни и средни училишта, соопшти за тамошните медиуми по состанокот на неговиот кабинет, премиерот Ахмед Давутоглу.
И покрај тоа што Турција е уставно секуларна држава со мнозинско муслиманско население, прекривањето на главата со шамии беше забрането на универзитетите во оваа земја до 2008 година, кога беше изменет законот. Од минатата 2013 година прописите се ублажени, па на жените им беше дозволено да носат шамии во сите јавни институции.
„Секој може да го избере сопствениот начин на живот. Жените кои сакаат, можат со шамија да ја прекријат главата, а оние на коишто тоа не им одговора не мораат“, изјави премиерот Ахмет Давутогли за телевизиската мрежа NTV во последниот дневник во понеделникот доцна навечер. Во вторникот информацијата ја потврди и турскиот министер за образование, Набу Авчи.
На оваа одлука се спротиставија секуларните кругови, вклучително и наставниците од левичарските синдикати, кои со години ја обвинуваат конзервативната владејачка Партија на правдата и развојот (АКР) дека премногу го воведува исламот во јавните институции и во законите./крај/мф/сн
Извор: BBC
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.