Регион
Турција не сака да учествува во борбите против IS
Турција нема да учествува во операциите на меѓународната коалиција против џихадистите во Ирак и во Сирија, потврдил извор од турската влада, пренесува France press.
„Турција не сака да учествува во ниту една вооружена операција, но ќе се насочи кон хуманитарни операции за поддршка“ истакнал претставникот од турската влада за AFP и додал дека Турција можеби ќе и’ дозволи на коалицијата да ги користи воените бази на југот од земјата за логистички операции.
Американскиот државен секретар, Џон Кери, во четвртокот беше во посета на Саудиска Арабија, на само еден ден по посетата на Багдад, во настојување да собере десет арапски земји и Турција за коалиција против сунитските екстремисти и Исламската држава.
Претседателот на САД, Барак Обама, во средата изрази подготвеност да отпочне со напади од воздух врз единиците на Исламската држава во Сирија и рече дека американските сили ќе ги прошират нападите кои веќе еден месец ги изведуваат против екстремистите во Ирак.
Западните советници ја критикуваа Турција затоа што на радикалните групи, меѓу кои и Исламската држава, им обезбедува оружје и опрема во градовите што се граничат со Сирија, но Анкара, која ги негира ваквите обвинувања, се надева дека така ќе се забрза падот на режимот на претседателот Башар ал-Асад.
Шефот на американската дипломатија во петок во Анкара ќе разговата со турските претставници за регионална соработка против екстремистите.
Сепак, оваа посета сé уште официјално не е потврдена од американска страна, додава France press./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Децата кои беа ранети во училиштето во Загреб се пуштени од болница, празниците ќе ги поминат со своите семејства
Двете момчиња, ранети во страотниот напад во петокот во основното училиште „Пречко“ во Загреб, денеска се пуштени на домашно лекување од Детската болница.
Лекарите процениле дека момчињата на возраст од седум и 11 години се опоравиле доволно за да ги поминат Бадник и Божиќ дома со своите семејства.
„Најдобрата можна вест денеска од болницата Клаиќ е дека децата се добро. Чекаме психолошкиот тим да развие план за натамошно следење на нашите пациенти, а очекуваме да бидат отпуштени во текот на денот, што сите не радува многу – изјави Фран Штампалија, специјалист за детска хирургија за ХРТ.
Тој нагласи дека на родителите и на децата им олеснало кога дознале дека дошол овој момент.
„Ги пречекав, бев на должност во саботата, но целата екипа, вклучувајќи ги и нашите медицински сестри, кои особено морам да ги пофалам, завршија одлична работа, како и анестезиолозите, другите хирурзи и ургентното одделение“, рече Штапалија.
Тој додаде дека планот е да се следи закрепнувањето на децата откако ќе бидат отпуштени од болница.
„На сите им е јасно дека физичките рани ќе зараснат, но психолошките рани треба да се следат подолго време и на тој начин да нема опаѓање. Засега сме на нагорна патека и сакаме така да остане“, заклучи Штампалија.
Наставничката повредена во истиот напад е во стабилна состојба и и’ е укажана психолошка помош.
Регион
Брнабиќ: Хрватска призна дека работи на смена на Вучиќ
Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ, денеска оцени дека изјавата на кандидатот за претседател на Хрватска, Ивана Кекин, дека „стратешки интерес на Хрватска е Вучиќ да не е на власт“ имплицира дека работат на неговата замена.
Брнабиќ на мрежата Х напиша дека е интересно што во последната недела од кампањата за претседателските избори во Хрватска се занимаваат со тоа кој е претседател на Србија.
У последњој недељи кампање за председничке изборе у Хрватској, они се баве тиме ко је председник Србије. Занимљиво…. Ово је дефиниција појма “мешање у унутрашња питања друге земље”! Да ли било ко мoже да замисли да се током председничких избора у Србији говори о томе ко треба… https://t.co/7089TtqtZg
— Ana Brnabic (@anabrnabic) December 24, 2024
Како што нагласи за Ивана Кекин, оваа изјава е дефиниција на терминот „мешање во внатрешните работи на друга држава“ и праша дали некој може да замисли дека за време на претседателските избори во Србија ќе се зборува за тоа кој треба да биде претседател на Хрватска.
Регион
(Видео) Снежно невреме парализира колона возила со 70 лица во БиХ, спасувачката акција траеше 10 часа
Снегот кој непрекинато паѓа повеќе од 24 часа во поголемиот дел од БиХ, денеска предизвика бројни потешкотии во патниот сообраќај, а на територијата која е дел од ентитетот Република Српска, целиот железнички сообраќај е во прекин поради дефект во далноводите.
Автомото клубот на Босна и Херцеговина (БИХАМК) издаде предупредување до сите возачи поради отежнат сообраќај на патиштата кои водат преку планинските превои.
Поради тоа, дел од регионалните патишта мораше целосно да се затворат, а најлоша е состојбата во поширокото подрачје на Дрвар, каде колона возила со 70 лица, меѓу кои и деца, беше парализирана од снежно невреме на патот што води кон Босански Петровац, ноќта помеѓу понеделник и вторник.
Спасувачка акција траела цели десет часа.
Автопатот што води од Босанска Градишка до Добој е забранет за сообраќај на камиони, а вакво ограничување е воведено и за голем број главни и регионални патишта во северна и северозападна Босна.
Во Сараево висината на снегот во утринските часови достигна 30 сантиметри, а висината на снежната покривка на околните планини над еден метар.