Регион
Турција парализирана од прекинот на струјата
Турција во вторникот беше парализирана откако од сé уште неутврдени причини дојде до прекин во снабдувањето со електрична енергија, од невидени размери во последната деценија и пол, која го блокираше јавниот транспорт и многу други активности во најголемите градови во земјата, меѓу кои и мегалополисот Истанбул и престолнината Анкара.
Големиот дефект во снабдувањето со струја се јави во 8,36 часот во вторникот по локално време и зафати повеќето од 81-та турска покраина, јавија официјални извори, пренесува агенцијата Dogan. Според информациите од турската национална енергетска компанија „Teias“, снабдувањето со електрична енергија е воспоставено дури ноќта во повеќето од покраините како и во Анкара и во Истанбул.
Министерот за образование, Наби Авчи, во разговорот за телевизијата NTV вети дека целата мрежа ќе биде во функција уште во текот на ноќта.
Во Истанбул, економскиот центар, кој има повеќе од 15 милиони жители, некои од квартовите и на почетокот од вечерта и натаму останаа без струја пренесуваат медиумите.
Премиерот Ахмет Давутоглу во одговорот на прашање за можен терористички напад, рече дека станува збор за технички недостаток, но дека се разгледуваат сите можни причини за дефектот. Министерот за енергетика.
Тандер Јилдут, изјави дека станува збор за најголем испад во мрежата по земјотресот од 1999 година. Додаде дека се разгледуваат сите варијанти, како што е можен масивен кибернетички напад, генерален прекин во снабдувањето со електрична енергија, технички пропусти … „Ги проучуваме сите тие можности и транспарентно во јавноста ќе ги објавиме заклучоците“, рече министерот.
Прекинот во снабдувањето со струја особено тешко ги погоди големите градови. Во Анкара и Истанбул транспортот со подземната железница одненадеж беше прекината а илјадници патници мораа да бидат евакуирани. И автомобилскиот сообраќај беше речиси беше пред колапс, бидејќи не работи светлосната сигнализација, а во прекин беа и телефонските линии и интернетот./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Албанија на суд поради ВИ министерката: Актерка ја тужи владата за злоупотреба на нејзиниот лик
Албанската министерка – првиот виртуелен државен функционер во светот, би можела да остане без својот препознатлив лик, откако актерката врз чии карактеристики е создаден дигиталниот аватар поднесе тужба против Владата на Албанија.
Премиерот Еди Рама во август 2025 година најави можност за именување министер или премиер заснован на вештачка интелигенција, а веќе во септември беше претставена Диела – вештачка функционерка задолжена за борба против корупцијата во јавните набавки.
Диела претходно беше позната како чат-бот на државниот портал e-Albania, а нејзиниот дигитален лик и глас биле креирани според актерката Анила Биша, врз основа на договор кој истекол на 31 декември 2025 година. Откако Диела добила министерска функција, нејзиниот лик бил прикажан и во обраќање до парламентот што се пренесувало низ целиот свет.
Според локалните медиуми, Биша поднела тужба против Владата, премиерот, приватната компанија која учествувала во проектот и Националната агенција за информациско општество (AKSHI). Таа тврди дека владата продолжила да го користи нејзиниот лик и по истекот на договорот, и надвор од дозволената намена, која била ограничена само на платформата e-Albania.
Во судските документи, Биша бара итна забрана за натамошна употреба на нејзиниот лик додека трае судскиот процес, наведувајќи дека неовластеното користење ѝ нанело значителна и непоправлива штета.
Во претходен телевизиски настап, Биша изјавила дека за потребите на системот снимала обемни аудио и видео материјали за ограничен временски период и за симболичен надомест, но никогаш не дала согласност за други форми на користење.
Портпаролката на албанската влада, Мањола Хаса, изјави дека Албанија е демократска држава во која граѓаните имаат право да покренат судски постапки против институциите. Таа додаде дека владата смета дека тужбата е неоснована, но е подготвена спорот да се реши пред суд, пренесе „Политико“.
Регион
Јотова го назначи Ѓуров за технички премиер: Бугарија влегува во процес на формирање привремена влада
Претседателката на Бугарија, Илијана Јотова, ќе го задолжи кандидатот за вршител на должноста премиер Андреј Ѓуров да формира влада, соопшти прес-службата на шефот на државата.
Шефицата на државата го назначи заменик-гувернерот на Бугарската народна банка (БНБ) Андреј Ѓуров за вршител на должноста премиер. Денес во 10:00 часот, претседателката Јотова ќе го прими Ѓуров во Дондуков 2.
Според Законот на БНБ, доколку гувернерот или заменик-гувернерот изразиле експлицитна согласност да бидат назначени за вршител на должноста премиер, тој или таа треба да поднесе оставка.
„Фер избори може да се одржат кога привремената влада не се меша во политичката сцена, е доволно неутрална и работи само во рамките на овластувањата што ѝ се доделени со Уставот“, рече Андреј Ѓуров по разговорот со Илијана Јотова во јануари, пренесува „Офњуз.бг“.
Според Уставот на Бугарија, по консултации со пратеничките групи и по предлог на кандидатот за привремен премиер, претседателот назначува привремена влада и закажува избори во рок од два месеци.
Минатата недела, претседателката изјави дека таа и нејзиниот тим ќе сторат сè што е можно за да се одржат изборите на првиот датум по велигденските празници. Првата недела по Велигден е 19 април.
Регион
(Видео) Тепачка во турскиот парламент додека новиот министер за правда полагаше заклетва
Во турскиот парламент изби тепачка меѓу пратениците на владејачката АКП и опозициската ЦХП за време на полагањето заклетва на новиот министер за правда Акин Гурлек.
Инцидентот настанал кога опозициски пратеници се обиделе да го спречат Гурлек да се заколне, по што дошло до туркање и физичка пресметка. Седницата била прекината околу 15 минути.
Гурлек на крајот ја положил заклетвата, додека опозицијата фрлала копии од Уставот кон претседателот на парламентот.
ЦХП оцени дека неговото назначување е удар врз демократијата, додека АКП тврди дека постапката е во согласност со Уставот.

