Регион
Турција: Пилотот при соборувањето на рускиот „Су-24“ дејствувал самостојно
Турскиот пилот кој ланскиот ноември го собори рускиот бомбардер „Су-24М“ самиот го донеле решението да дејствува, изјави во интервјуто за агенцијата Sputnik во четвртокот заменикот претседател на турската владејачка Партија на правдата и развојот (AKP), и нејзини пратеник во парламентот Јасин Актај.
Актај истакнал дека околу ситуацијата со соборувањето на рускиот бомбардер над границата со Сирија имало непознати моменти за Турција.
„Нарушувањето на воздушниот простор од 17 секунди, и повторените такви нарушувања, се разбира, е неприфатливо. Но да го оставиме тоа настрана. Одлуката да се собори авионот била донесена во воздух. Такви одлуки носи пилотот, и тој се раководи од правилата за употреба на сила“, вели турскиот пратеник.
Притоа истакнува дека пилотот не може да соборува авион кој „го нарушил воздушниот простор на краток период и има намера да го напушти“. „Уништувањето на рускиот авион, кој, како што стана јасно, веќе го напуштал (турскиот) воздушен простор, покренува некои прашања“, додава вториот човек на владејачката AKP.
Според него, Турција го бранела дејствувањето на својот пилот „за да не се доведуваат во прашање нашите правила за примена на сила“.
„Во крајна линија Турција и Русија го решија меѓусебниот проблем, фала му на Бога. Но доколку се потврдат овие извештаи (за притворањето на пилотите кои го собориле рускиот Су-24), тоа придонесува за подобрување на односите меѓу Турција и Русија и го ги поттикнува постојните догори меѓу двете земји“, заклучува Актај.
Односите меѓу Русија и Турција беа нагло прекинати и минуваат низ најдлабоката криза во билатералната сфера откако на 24-ти ноември 2015 година турските ловци „F-16“ на сириско-турската граница соборија руски бомбардер „Су-24М“. Москва тврди дека рускиот авион бил соборен над сириска територија кад што се урна и дека бил сочекан во заседа, додека Анкара тврди дека го нарушил турскиот воздушен простор.
Потоа двете страни се обвинуваа за поткопување на меѓусебната доверба, особено во ситуацијата кога двете земји ги поддржуваат различните страни во сирискиот конфликт. Москва притоа ја обвини Турција дека ги поддржува екстремните терористички групи во Сирија и воведе економски санкции.
Уште во текот на неуспешниот обид за воен преврат ноќта од 15-ти кон 16-ти јули, медиумите ја пренесоа изјавата на заменикот градоначалник на Анкара дека во пучот учествуваат и пилотот кој го соборил рускиот авион и офицерот кој ја дал наредбата за тоа. Подоцна министерот за правда Бекир Боздаг изјави дека пилотите кои учествувале во овој инцидент се меѓу уапсените во врска со пропаднатиот удар.
Подоцна турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека уапсените пилоти најверојатно се поврзани со организацијата на опозицискиот муслимански проповедник Фетулах Ѓулен, кого турските власти го воспоставување „паралелни структури“ во државните институции и вмешаност со пропаднатиот пуч и бара негова екстрадиција од САД каде што живее во егзил од 1999 година./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Ана Брнабиќ за 2 јуни распиша локални избори во 66 единици на локалната самоуправа
Претседателката на српското собрание Ана Брнабиќ распиша избори за 2 јуни во 66 единици на локалната самоуправа, бидејќи Националното собрание неодамна со две третини ги усвои измените на Законот за локални избори.
Изборите во овие локални самоуправи ќе се одржат на ист ден со изборите за советници во Градското собрание на Белград, односно на 2 јуни годинава.
„Среќна сум што испративме силна порака од парламентот до сите наши граѓани дека како нивни избрани сме способни да разговараме и да постигнеме договор и покрај сите наши разлики“, рече Брнабиќ по објавата.
Регион
(Видео) Уапсени Срби во Атина, поранешни членови на „Пинк Пантер“: осомничени се за украден накит вреден 315.000 евра
Двајца Срби, кои во минатото биле членови на организацијата „Пинк Пантер“, се уапсени во Атина под сомнение дека ограбиле две познати златарници во центарот на грчката престолнина, соопшти атинската полиција.
Според соопштението на грчката полиција, уапсените оперираат најмалку од минатиот декември, а се претпоставува дека имале соодветна мрежа за канализирање на украдени предмети, бидејќи оствариле добивка од над 315.000 евра.
По претресот во нивните домови, меѓу другото, пронајден е алат користен при кражбата, три рачни часовници, накит, 190 евра, лажна возачка дозвола, три мобилни телефони, лични предмети, како и дополнителен мотоцикл и автомобил што служеле за превоз.
Регион
Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“
Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен стимулатор. Пред еден месец новата технологија ја примил загрепчанец кој поради Паркинсоновата болест речиси станал неподвижен.
„Поентата на таа електрода е што стимулира дел од мозокот и на тој начин ја подобруваме клиничката слика, а батеријата освен што стимулира, купува и информации од тој дел од мозокот што го стимулираме и на тој начин можеме да ги подобриме симптомите“, изјави неврохирургот Фади Алмахарик за RTL.
Во КБ Дубрава изминативе 24 години се врши длабока мозочна стимулација, но првиот пациент беше опериран со оваа најнова технологија на крајот на март. Станува збор за 67-годишен загрепчанец со Паркинсонова болест, кој сега е пуштен на домашно закрепнување.
„Во договор со неврологот, стимулацијата се вклучува, терапијата се намалува, пациентот веднаш по вклучувањето на стимулацијата покажува знаци на моторно подобрување. Беше отпуштен дома на физикална терапија и дополнително прилагодување на стимулацијата“, изјави неврохирургот Марина Рагуж.
Веднаш штом ги отстранивме шевовите по 10 дена, почнавме со стимулација и денес пациентот може да вози велосипед, да плива, да се врати на своето секојдневие“, вели хирургот.