Регион
Турција: Седум војници уапсени во аферата со оружјето за Сирија
Седум војници се приведени во неделата во Турција во истрагата од минатогодишната контроверзна афера за пресретнување пратка со оружје наменето за Сирија и се обвинети за припадност на терористичка група, попречување на работа на владата и шпионажа.
По полициските рации коишто беа извршени последните неколку дена во Турција, вкупно се приведени десет војници, а по сослушувањето пред кривичниот суд во Истанбул тројца се ослободени. За преостанатите седум е одреденo судење, па од притвор се префрлени во затвор, пренесува агенцијата Anadolu.
Апсењата се резултата од полициската акција за запирање и пребарување камиони во јужните провинции Хатај и Адан во близина на границата со Сирија во јануари 2014 година, под сомневање за шверцување оружје за Сирија, каде што Турција ги поддржува сунитските опозициски борци против владата на претседателот Башар ал-Асад, кој е алавит.
Според медиумските извештаи, камионите наводно припаѓале на турската Национална разузнавачка агенција (MIT) и со нив се доставувало оружје за борците на сириската опозиција. Турција, од друга страна, ги негира западните обвинувања дека ги помага исламистичките движења во Сирија, иако отворено се залага за заминување на Асад власта, па дури се залагаше за воведување зона за забранети летови како во Либија и копнена интервенција.
Турските власти тврдат дека целата афера е поврзана со имамот Фетула Ѓулен, влијателен исламски проповедник во доброволен егзил во САД, поранешен сојузник на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, кој сега го обвинува дека преку мрежата од своите приврзаници во правосудството и полицијата води паралелна држава за да ја преземе власта во Турција.
Владата ја води истрагата во голема тајност и наметна целосна медиумска блокада и контрола, вклучително и на социјалните мрежи. Претседателот Ердоган во неделата изјави дека пребарувањата на камионите биле извршени за на „светот да му биде испратена порака“, како и дека станува збор за „предавство“.
На почетокот од мај, полицијата во рамките на истрагата за истата афера ги уапси четворицата обвинители коишто го наредиле пребарувањето на товарот во камионите и сега се во затвор и го очекуваат судењето./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Во Загреб падна замрзнат дожд
Поради најавените ниски температури и замрзнат дожд, за кои Државниот хидрометеоролошки завод издаде портокалово предупредување, постои ризик од формирање мраз на тротоарите и други површини во Загреб, објави Градот Загреб, пренесува Индекс.хр.
Градот известува дека возилата на Зимската служба на Загребските патишта превентивно ги посолуваат патиштата во областа на Загреб.
Градот Загреб апелира до сите учесници во сообраќајот, возачи и пешаци, да ги прилагодат своите движења на тешките и потенцијално опасни временски услови. На возачите им се препорачува да избегнуваат непотребно патување, да возат побавно со поголем растојание помеѓу возилата, да избегнуваат нагло сопирање и забрзување и да користат зимска опрема и соодветни гуми. Посебна претпазливост е потребна на мостовите, надвозниците и кривините.
Пешаците се повикуваат да бидат дополнително внимателни, да се движат побавно, да носат соодветни обувки и да избегнуваат замрзнати површини секогаш кога е можно.
фото/депозитфотос
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)
Регион
Обилните дождови ги затворија патиштата во Црна Гора, се заканува раст на Скадарското Езеро
Неколку патишта беа затворени низ Црна Гора денес поради обилни врнежи од дожд во изминатите 24 часа. Водата се заканува и на бројни домови, а се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми во текот на ноќта кон среда.
Црногорското Министерство за внатрешни работи објави дека последиците од обилните врнежи од дожд се регистрирани во општините Никшиќ, Даниловград, Мојковац, Бијело Поље, Улцињ, Плевља, Подгорица, Колашин и Беране.
„Поради лизгање на земјиштето и излевање на реките, сообраќајот е прекинат на неколку патни правци“, се вели во соопштението на црногорското Министерство за внатрешни работи.
Според најновите информации од 15 часот, нивото на водата на сите реки се намалува, освен на реката Зета и Скадарското Езеро, кое Црна Гора го дели со Албанија. Околу две третини од ова езеро, најголемо на Балканот, ѝ припаѓа на Црна Гора, а една третина на Албанија.
Во текот на ноќта се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми поради контролираното испуштање вода од хидроелектраните на реката Дрим, кое го спроведува албанската страна.
Албанскиот премиер Еди Рама претходно во вторник изјави дека, поради зголемениот проток на реката Дрим, започнале контролирани испуштања вода од хидроелектраните што би можело да доведе до ненадејно зголемување на нивото на Скадарското Езеро.

