Регион
Турција смета дека експлозијата во Истанбул е дело на IS
Турскиот министер за внатрешни работи Ефкан Ала изјави во неделата дека за самоубиствениот напад од саботата во покрај бомбашот загинаа уште четири лица, е одговорна екстремната сунитска организација Исламска дражва (IS), а истовремено владата на Израел, чии државјани беа жртви во нападот во Истанбул, ги повика своите граѓани да не патуваат во Турција поради можност од терористички акции.
Турскиот министер за внатрешни работи Ефкан Ала го идентификуваше напаѓачот како Мехмет Озтурк од Газеантеп, јужен турски град во близина на границата со Сирија, припадник Исламската држава.
Меѓутоа, агенцијата Doğan од безбедносни извори наведува дека властите земале примероци од крв од таткото на извесен Саваш Ј., осомничен дека е член на споменатата џихадистичка организација, во истрагата за нападот на истанбулската авенија Истиклал.
Според агенцијата властите ја испитуваат можноста дека 33-годишниот Саваш Ј., кој бил под истрага за бомбашкиот напад врз припадниците на опозицската прокурдска Надрона демократска партија (HDP) од 18-ти мај 2015 година, дека може да е одговорен и за саботниот напад.
Примероците од крвта на неговиот татко, кој живее во Адана, биле земен и испратени во Истанбул за ДНК анализа за да се утврди дали е неговото телото на самоубиецот бомбаш, пишува аганецијата.
Во нападот на популарната туристичка дестинација во Истанбул на 19-ти март, загинаа пет лица, вклучително и бомбашот самоубиец. Меѓу четирите жртви тројца се Израелци, од кои двајца со двојно израелско-американско државјанство и еден е Иранец.
Турскиот министер за здравство, Мехемт Муезиногли изјави дека најмалку 39 лица се повредени во експлозијата, а меѓу нив 24 се странци од кои 10 Израелци. Претходно во јануари, исто така, во центарот на Истанбул во самоубиствен бомбашки напад беа убиени 12 странци, повеќето германски туристи, а и за овој напад турските власти ја обвинија Исламската држава.
Поради израелските жртви, во неделата Антитерористичкото биро на Советот за национална безбедност на Израел им препорача на своите државјани да се воздржат од патувања во Турција, во врска со заканата од терористички напади,
„Како резултат на зголемувањето на бројот нападите во Турција на туристички и јавни локации, вклучително и терористичкиот напад во Истанбул на 19-ти март, во кој се убиени и ранети Израелци, како и поради можноста од идни напади, Антитерористичкото биро го зголемува нивото на предупредување и препорачува воздружување од посети на Турција“, се вели во соопштението.
Нивото на опасност во однос на престојот во Турција е зголемено во четвртото ниво „потенцијална опасност“ од напад на третото ниво „конкретна опасност“, соопштуваат од канцеларијата на израелскиот премиер. /крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Сијарто: Фокусот на унгарското претседателство со ЕУ ќе биде проширувањето на Унијата на Западен Балкан
За време на претстојното претседавање со ЕУ, Унгарија планира да се фокусира на прашања кои се важни за централна Европа, како што се борбата против илегалната миграција, проширувањето на Унијата кон Западен Балкан и енергетската безбедност, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто.
Кога станува збор за проширувањето на ЕУ, Сијарто на прес-конференција со својот чешки колега Јан Липевски рече дека регионот на Западен Балкан не заслужува да чека 14 години и 11 месеци за членство, што, како што вели, го поткопува кредибилитетот на политиката на Унијата, објави унгарската агенција МТИ.
„Тоа е ситуација што треба да се реши, така што унгарското претседателство (со Унијата) има јасна агенда да им помогне на земјите од Западен Балкан да го забрзаат пристапниот процес“, рече Сијарто.
Посочи дека ефектите од миграцијата директно се чувствуваат во Централна Европа од 2015 година и неопходна е сериозна регионална соработка за да се запре мигрантскиот прилив.
„Чешката, словачката и полската полиција ни помогнаа и ни помагаат на јужните граници на Унгарија да ги задржиме илегалните мигранти кои и се закануваат на Европа надвор од границите. Потребни се континуирани заеднички напори на четворицата централноевропски премиери за да се држи под контрола прашањето за квотите и да не се дозволи илјадници или десетици илјади илегални мигранти да се шетаат неконтролирано“, додаде Сијарто.
Шефот на унгарската дипломатија нагласи дека централна Европа „ќе продолжи да се спротивставува на притисоците поврзани со квотите“. Сијарто се осврна и на енергетската безбедност, наведувајќи дека Унгарија и Чешка планираат нуклеарен развој и затоа ќе продолжат да се борат против негативната дискриминација поврзана со нуклеарната енергија во Брисел.
Нуклеарната енергија е одржлив начин за производство на енергија, тоа е безбеден, еколошки и евтин метод за производство на големи количини електрична енергија“, заклучува Сијарто.
Регион
Ана Брнабиќ за 2 јуни распиша локални избори во 66 единици на локалната самоуправа
Претседателката на српското собрание Ана Брнабиќ распиша избори за 2 јуни во 66 единици на локалната самоуправа, бидејќи Националното собрание неодамна со две третини ги усвои измените на Законот за локални избори.
Изборите во овие локални самоуправи ќе се одржат на ист ден со изборите за советници во Градското собрание на Белград, односно на 2 јуни годинава.
„Среќна сум што испративме силна порака од парламентот до сите наши граѓани дека како нивни избрани сме способни да разговараме и да постигнеме договор и покрај сите наши разлики“, рече Брнабиќ по објавата.
Регион
(Видео) Уапсени Срби во Атина, поранешни членови на „Пинк Пантер“: осомничени се за украден накит вреден 315.000 евра
Двајца Срби, кои во минатото биле членови на организацијата „Пинк Пантер“, се уапсени во Атина под сомнение дека ограбиле две познати златарници во центарот на грчката престолнина, соопшти атинската полиција.
Според соопштението на грчката полиција, уапсените оперираат најмалку од минатиот декември, а се претпоставува дека имале соодветна мрежа за канализирање на украдени предмети, бидејќи оствариле добивка од над 315.000 евра.
По претресот во нивните домови, меѓу другото, пронајден е алат користен при кражбата, три рачни часовници, накит, 190 евра, лажна возачка дозвола, три мобилни телефони, лични предмети, како и дополнителен мотоцикл и автомобил што служеле за превоз.