Регион
Турција уапси двајца новинари за текст за доставување оружје во Сирија
Уредникот на весникот Cumhuriyet. Џан Дундар и дописникот Ердем Ѓул, се уапсени од турската полиција во четвртокот поради написот во кој е опишано како камиони на турската разузнавачка агенција превезувале оружје за терористи во Сирија во почетокот на 2014 година, пренесува ноќта кон петокот агенцијата Dogan.
„Обвинети сме за шпионажа. Претседателот го нарече (нашето работење) предавство. Ние не сме предавници, шпиони или херои, ние сме новинари. Она што го сторивме е новинарска активност“, изјавил Дундар пред да биде изведен на сведочење во обвинителството во четвртокот. „Секако, ова ќе му помогне на обвинителството да расветли како овие инциденти се случиле, а не како ние известувавме за тоа“, додал.Дундар и Ѓул се обвинети за вмешаност во вооружена организација и за шпионажа. Причина за нивното апсење е напис објавен ова лето, во кој се наведува како турските безбедносни сили наводно ги вооружуваат милитантите во Сирија. Според написот, бил следен транспортот на камиони со оружје кој бил организиран од турската Национална агенција за разузнавање (MIT)Под вооружена организација турското обвинителство препознава Фетулахистича терористичка организација (FETO), а терминот го користат обвинителите за да ги одредат следбениците на Фетулах Ѓулен, влијателен исламски клерик и филозоф, кој живее во егзил во САД. Ѓулен, порано близок со Ердоган, се смета за најзаслужен за политичкиот подем на актуелниот исламско-конзервативен турски претседател, но од минатата година Ѓулен и неговите следбеници се обвинети дека во Турција воспоставила „паралелна држава“ во државните, судските и безбедносните структури, откако во медиумите се појавија серија написи за корупциски скандали во кои се споменати високи функционери и семејства на владејачката Партија на правдата и развојот (AKP). Репортажата објавен во истанбулскиот дневен весник Cumhuriyet (Република) на 29-ти мај годинава, се прикажани наводни проверки на припадниците на жандармеријата и полицајци на камиони со оружје и муниција, кои во јануари 2014 година ги испратила MIT во Сирија.Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган на 2-ри јуни годинава поднесе приватна кривична пријава против Дундар и весникот Cumhuriyet тврдејќи дека во сторијата има снимки и информации кои не се веродостојни и порачувајќи дека оние „кои ја напишале ќе платат висока цена“.Во тужбата се наведува дека весникот учествувал во акциите на Ѓулен со објавување фабрикувани снимки и информации кои биле доставени до него од „паралелните структури“ за да „се создаде перцепција дека Турција помага терористички организации“.Ердоган тврди дека камионите содржеле помош за Туркмените, туркофона етничка заедница која живее во Сирија, и дека новинарите биле соучесници во „саботирањето“ на таа помош, со цел да му наштетат на неговиот и на угледот на неговата партија.Претседателот бара две доживотни казни за предавство и уште 42 години затор за сите дела. Во тужбата е наведено дека написот „не соодветствува со вистината“, податоците „се фалисфикувани и добиени од паралелни структури“. Покрај тоа, Дундар е обвинет за шпионажа и откривање државни тајни./крај/мф/сн
Извор: Dogan
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Нафталин предизвикал пожар во банка во Бугарија, гореле пари
Речиси 15.340 евра се запалиле и изгореле во касата на филијала на централната банка во Горна Орјаховица, Бугарија, јауваат локалните медиуми. 86.918 евра, кои исто така биле во трезорот, ги преживеале пламените јазици.
Инцидентот се случил доцна во вторникот попладне. Еден постар маж решил да внесе заштеда од речиси 2.045 евра на својата сметка за да може неговите пари автоматски да се конвертираат во евра по Нова година.
Се покажало дека човекот ги чувал парите во гардеробер, каде што имало и облека третирана со нафталински топчиња. Кога банкнотите биле внесени, тие имале кристали од репелентот, кој е многу токсичен и лесно запалив кога е изложен на топлина.
Банкнотите поминале низ машината за броење и, најверојатно, нафталинот се кренал во воздухот и влегол во клима-уредот. Оттаму, искра влетала во касата, но не ја забележале вработените во банката и парите во трезорот почнале да горат. Се појавил и чад, а откога касата била отворена и во неа влегол кислород, пожарот се разгорел.
Изгорела речиси 1/6 од вкупната сума во касата, која изнесувала приближно 102.264 евра. Нема повредени вработени. Пламенот бил изгаснат од пожарникари, а парите се осигурени. Износот на човекот што го депонирал – 2.045 евра – бил префрлен на неговата сметка – во евра.
Регион
Судот во Нови Сад ја прекина постапката против Горан Весиќ и уште двајца обвинети за падот на настрешницата
Вонстепениот совет на Вишиот суд во Нови Сад ја прекина кривичната постапка против поранешниот министер за градежништво Горан Весиќ, неговата поранешна помошничка Анита Димоски и поранешната директорка на Железничката инфраструктура на Србија, Јелена Танасковиќ, во случајот со падот на настрешницата на железничката станица.
Тие беа обвинети за тешко кривично дело предизвикување општа опасност.
Во своето образложение, судот наведе дека нема доволно докази за да се поткрепи основано сомнение дека обвинетите ги сториле кривичните дела за кои се сметаат за одговорни.
Со одлуката на судот им е укината мерката за домашен притвор на Танасковиќ, Спремиќ, Гавриловиќ и Тодоровиќ. Со наредба на Врховниот суд на Србија во Белград, Анита Димоски и Горан Весиќ остануваат во домашен притвор.
Паралелно, судот во Нови Сад ги потврди обвиненијата против седум други обвинети во случајот со трагедијата на железничката станица.
На 1 ноември минатата година, 16 лица загинаа, а едно лице беше тешко повредено при падот на бетонската настрешница на неодамна реновираната зграда на станицата. Инцидентот предизвика масовни протести во Србија , предводени главно од студенти, кои бараа оставка на владата и закажување предвремени парламентарни избори.
Агенцијата Франс Прес прецизира дека одлуката на судот во Нови Сад не е конечна, а обвинителството веќе ја објави својата намера да поднесе жалба.
Регион
Милановиќ: Го пречекуваме Божиќ во сенка на сè поголема неизвесност
Претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, во својата божиќна честитка до граѓаните, рече дека Божиќ оваа година доаѓа во време на глобална неизвесност, закани од насилство и војни и неизвесна иднина, нагласувајќи дека е особено загрижен за поделбите и растечката недоверба во хрватското општество.
Во пораката упатена до своите сограѓани, Милановиќ нагласи дека, како претседател и граѓанин, би сакал да посака мирни и радосни празници, но дека околностите во кои се пречекува Божиќ не го дозволуваат тоа.
„Ќе го пречекаме и прославиме Божиќ пред нас во сенка на сè поголема неизвесност, сè поголеми закани од насилство и војни и неизвесна иднина“, рече претседателот, додавајќи дека во таква глобална средина во Хрватска гледа и чувствува поделби, меѓусебни обвинувања и растечка недоверба.
Тој нагласи дека негова прва и главна обврска како претседател е да стори сè што е можно за безбедноста и стабилноста на хрватското општество и државата, за да можат сите граѓани, без оглед на националноста, религијата или политичката припадност, да живеат мирно, да работат, да одгледуваат семејства и да планираат за иднината.
Зборувајќи за идентитетот на Хрватска, тој нагласи дека земјата е силна поради нејзината разновидност, не само природна, туку и разновидноста на обичаите, традициите и културата на животот кои, како што изјави, се трајно вткаени во нацијата и ја прават поотпорна на закани.
Тој, исто така, потсети на историските искуства, нагласувајќи дека Хрватска била најсилна кога била обединета, без непотребни поделби и меѓусебна недоверба, и рече дека не смее да се дозволи поделбите во мир да ја загрозат постигнатата стабилност и безбедност.
Милановиќ предупреди и на промените во глобалниот поредок, во кој, како што рече, моќта и бруталната сила сè повеќе стануваат правило, а од помалите држави се очекува послушност што се граничи со покорност. Во такви околности, нагласи тој, хрватскиот народ мора да се грижи за сопствените интереси и за иднината на своите деца, останувајќи добронамерен и праведен кон другите.
Изрази надеж дека разумот и мирот ќе преовладаат во светот, а хармонијата и меѓусебното разбирање меѓу хрватскиот народ ги наведе како своја најголема божиќна желба.

