Регион
Турција во недела гласа за претседател, Ердоган главен фаворит
Турските гласачи во недела, за прв пат во модерната историја на оваа земја, по директен пат ќе го изберат новиот претседател, а сегашниот премиер Реџеп Тајип Ердоган важи за најголем фаворит меѓу кандидатите.
Турските гласачи во недела, за прв пат во модерната историја на оваа земја, по директен пат ќе го изберат новиот претседател, а сегашниот премиер Реџеп Тајип Ердоган важи за најголем фаворит меѓу кандидатите.
Функцијата претседател во Турција во најголем дел е церемонијална, меѓутоа подразбира одредени значајни овластувања, а се очекува дека Ердоган ќе настојува, преку измени во Уставот, да ја прошири улогата на шефот на државата, пишува AFP.
Малкумина се сомневаат во тоа дека Ердоган, кој повеќе од 10 години има доминантна улога во турската политика, нема да успее да го победи својот главен противкандидат, поранешниот шеф на Организацијата за исламска соработка и академика, Екмеледин Ихсаноглу, или пак младиот курдски кандидат Селахатин Демирташ.
Победата на Ердоган би ја концентрирала власта во рацете на човекот кој го подели турското општество по светски и верски основи, и ги загрижи западните сојузници на Турција, оценува Reuters.
За време на власта на Ердоган, Турција доживеа период на економски раст и појава на нова бизнис елита, која е конзервативна и лојална кон Ердоган. Додека неговите противници ги финансираат своите предизборни собири преку донации, Ердоган своите јавни настапи, дел од кои се финансираат од државните средства, ги претвора во демонстрација на сила, започнувајќи ја кампањата многу порано од предвиденото.
Турската централна изборна комисија минатиот месец ја одби жалбата на главната опозициска партија, Републиканската народна партија (ЦХП), дека Ердоган мора да поднесе оставка на премиерското место за да може да ја води претседателската кампања.
Неколку европски делегации кои ќе учествуваат во набљудувањето на изборите во Турција изразиле загриженост поради начинот на кој Ердоган ја води својата кампања, а меѓу нив се и ОБСЕ и Советот на Европа, кои сметаат дека треба јасно да се одвојат говорите на Ердоган како премиер на земјата, од говорите кои ги држи како претседателски кандидат.
Турските изборни закони на кандидатите им забрануваат за време на кампањата да држат говори и да учествуваат на церемонијално отворање на проекти кои се финансирани од државата и општините, а исто така ја ограничуваат и употребата на државните возила, потсетува Reuters.
Прашањето на финансирањето на предизборните кампањи досега не беше толку актуелно во Турција, пред се поради фактот што претходно шефот на државата беше избиран од турскиот Парламент, а сега за прв пат народот директно ќе гласа за претседател.
Иако има најголеми шанси за победа, се уште не е извесно дали Ердоган ќе победи во првиот круг, а за ова пресудна улога би можеле да имаат резултатите на третиот кандидат, Селахатин Демирташ, кој ја има поддршката од една прокурдска партија./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
По протестот на опозицијата во Тирана, 17 лица се уапсени, а 35 под истрага
17 лица се уапсени, а против 35 се води истрага на слобода, по протестот на албанската опозиција во Тирана кој ескалираше во тензии и судири со безбедносните сили, јави RTSH.
Инцидентите започнале кога дел од демонстрантите се судриле со полицијата во близина на кабинетот на премиерот Еди Рама. Според информациите, кон зградата биле фрлани молотови коктели.
Полицијата интервенирала со солзавец за да ја растера толпата. Подоцна протестот се префрлил кон зградата на парламентот, каде што биле регистрирани нови инциденти и фрлање запаливи средства, по што следувала нова полициска интервенција.
Во судирите се повредени повеќе лица, кои се пренесени во болница.
Од полицијата информираат дека протестот не бил претходно одобрен, наведувајќи дека имало информации за можни насилства, имајќи ги предвид претходните инциденти.
Демонстрантите побараа оставка од владата по обвинувањата за корупција против вицепремиерката Белинда Балуку.
Регион
(Видео) Насилни протести во Албанија: Фрлени молотови коктели врз зградата на владата
Во Албанија се одржа нов антивладин протест, кој беше обележан со тензии и судири со полицијата, пренесува Анадолија.
Опозицискиот протест се одржа на 35-годишнината од уривањето на споменикот на поранешниот диктатор Енвер Хоџа, што се одбележува на 20 февруари, со барање за оставка на премиерот Еди Рама.

Opposition supporters chant slogans during a protest against the government in Tirana, Albania, 20 February 2026. The rally follows a political crisis amid a court deadlock over the suspension of Deputy Prime Minister Belinda Balluku and subsequent moves by Prime Minister Edi Rama to limit the powers of the Special Prosecutor (SPAK), with protesters demanding the government’s resignation. EPA/MALTON DIBRA
Денешниот протест, организиран од Демократската партија (ПД) со поддршка на други опозициски партии, се одржа пред седиштето на албанската влада во Тирана.
Фрлени молотови коктели врз зградата на владата
Демонстрантите фрлаа молотови коктели и пиротехнички средства врз зградата на владата, при што за време на немирите избувна пожар во надворешноста на зградата. Полициските сили одговорија со водни топови.
Лидерот на Демократската партија и поранешен премиер Сали Бериша за време на своето обраќање рече дека тие се вистинската опозиција и дека ќе ја спасат Албанија.
Обраќајќи се пред толпата, Бериша рече дека тие се собираат денес на еден од најважните денови во националната историја.
„Слободна Албанија, Албанија на слободни граѓани, ќе ја прогласи кражбата на граѓаните за сериозно кривично дело. Ќе ги казнат двојно повеќе оние службеници кои ќе избегаат“, рече Бериша.

Albanian opposition politician Sali Berisha speaks to supporters during a protest against the government in Tirana, Albania, 20 February 2026. The rally follows a political crisis amid a court deadlock over the suspension of Deputy Prime Minister Belinda Balluku and subsequent moves by Prime Minister Edi Rama to limit the powers of the Special Prosecutor (SPAK), with protesters demanding the government’s resignation. EPA/MALTON DIBRA
Полицијата одговори со солзавец и водени топови
По неговиот говор, протестот беше преместен пред зградата на пленарните сали на албанскиот парламент, каде што тензиите продолжија.
Демонстрантите повторно фрлаа молотови коктели и пиротехнички средства, додека полицијата одговори со солзавец и водени топови.
Солзавец беше фрлен и во надворешната простор на џамијата, која се наоѓа во близина на зградата на парламентот. Некои демонстранти се засолнија во просторот пред џамијата за да го избегнат солзавецот, додека верниците во тој момент беа внатре во џамијата за верски служби.
Организаторите на протестот тврдат дека имало повредени за време на судирите.
Регион
Трамп ги спомена Србија и Косово: Ако не се согласувате, јавете ми се
Набројувајќи ги конфликтите што ги реши во претходниот период, претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера на состанокот на Одборот за мир ги спомена Србија и Косово, велејќи им на лидерите сами да продолжат да ги решаваат проблемите, а ако не можат – да го повикаат.
„Еден пример се Косово и Србија“, рече Трамп, повикувајќи ги лидерите да станат, иако Србија не се приклучи нa Oдборот, додека претседателката на Косово, Вјоса Османи, стана од своето место кога Трамп ја повика.
„Косово, Србија. Јас го направив тоа. Можете ли да станете, ако некој од вас е тука? Само станете на секунда. Косово, Србија, станете! Ви благодарам многу! Го цениме тоа! Одлично, а вие се согласувате. И кога не се согласувате, ме викате и ќе го решиме тоа, нели? Ќе го решиме“, рече Трамп на првиот состанок на Мировниот комитет, јавија српскките медиуми.
Вчера, во Вашингтон се одржа првата седница на Одборот за мир, основан на иницијатива на Трамп, а тоа е тело кое треба да работи на решавање на глобални безбедносни кризи и војни.
Првата задача, како што беше најавено, ќе се однесува на конфликтот во Појасот Газа.
Во јуни 2025 година, американскиот претседател одржа прес-конференција во Хаг на која се пофали со своите достигнувања, за кои верува дека ги постигнал како претседател на Америка.
Еден од примерите што ги наведе Трамп е дека, како што рече, тој спречил потенцијален конфликт меѓу Србија и Косово.
„Србија токму беше на прагот да го стори тоа, но ние го спречивме“, рече Трамп тогаш.

