Регион
Турција жестоко ги бомбардираше позициите на PPK, прокурдски политичар апелира на прекин на нападите

Турските борбени авиони го изведоа ноќта кон седата досега најжестокиот напад врз позициите на забранетата Работника партија на Курдистан (PKK) во северен Ирак од почетокот на воздушната кампања, а истовремено прокурдски опозициски политичар повика на итен прекин на непријателствата.
Турските авиони гаѓале шест позиции на PKK, соопшти во средата кабинетот на турскиот премиер Ахмет Давутоглу. Покрај тоа во средата соопшти дека од почетокот на операцијата против милитнати кои се осомничени за припадност на курдската бунтовничка организација, помали левичарски екстремни групи и на џихадистичката Исламска држава, се уапсени вкупно 1.302 лица во 39 покраини.
Челникот на прокурдската опозициска Народна демократска партија (HDP), Салаетин Демитраш во средата повика на итен прекина на непријателствата од двете страни. „Непријателствата мора да бидат веднаш запрени“, изјави Демитраш, повикувајќи ги двете страни на „здрав разум“.
По низата обвинувања дека замижува пред радикалните и џихадистичките сунитски групи кои се борат против шиитскиот сириски претседател Башар ал-Асад, турската исламско-конзервативна влада по самоубиствениот бомбашки напад во јужниот пограничен град Суруч во кој беа убиени 32 курдски млади активист. Меѓутоа, аналитичарите предупредуваат дека Анкара овој терористички акт за кој одговорноста паѓа врз џихадистичката Исламска држава го користи да се пресмета со курдските бунтовници со кои по децениите судири од 2013 година започна мировни преговори.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган искана дека нема „да се повлече пред терористичката закана“, како и дека „решително“ ќе ја продолжи борбата против џихадистите и против PKK. Ердоган тврди дека не можно да се продолжи мировниот процес со PKK кој ја презема одговорноста за убиството на двајца турски полицајци, за што вели дека е одмазда за убиствата на курдските ученици и студенти.
НАТО во вторникот на итното заседание свикано по барање на Анкара, ѝ даде целосна политичка поддршка на Турција во нејзината двојната офанзива. /крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Вучиќ ги критикуваше српските министри: „Ѓуро, не сум задоволен од ангажманот на луѓето во Владата, срамота е“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, обраќајќи се кон премиерот Ѓуро Мацут, изјави дека не е задоволен од ангажманот на министрите во Владата на Србија.
„Ѓуро, не сум задоволен од ангажманот на луѓето во владата и тоа ќе ти го кажам во лице. Не морам да ти кажам дека знам колку време луѓето поминуваат во владата. Срамота е. Тоа е сè што имам да ти кажам“, рече Вучиќ на седницата на Советот за соработка на Србија и Република Српска во проширен состав, во Палатата на Србија, во Белград.
Тој ги замоли министрите да се ангажираат повеќе и да работат понапорно, наведувајќи дека во просек 1,2 министри се на терен секој ден, а не 16.
„Потребна е многу поголема ангажираност, многу поголем напор и работа. Не живејте за да помине уште еден ден, туку за да се направи нешто големо“, рече Вучиќ.
Ko da mu je vladu šio Đuro, a ne on sam… pic.twitter.com/h8ixFb8E4t
— Џyлc (@doprinositelj) September 20, 2025
Регион
Црногорските инспектори напишале две илјади казни вредни 1,2 милиони евра во текот на туристичката сезона

За време на летната сезона, туристичките инспектори во Црна Гора извршиле над 2.000 инспекциски надзори во приморските градови, при што биле откриени повеќе од 1.500 неправилности, соопшти Министерството за туризам.
Најмногу контроли биле спроведени во Улцињ, Бар, Будва, Котор, Тиват и Херцег Нови, каде што биле ангажирани 24 инспектори. Како резултат на надзорите, изречени се речиси 2.000 прекршочни налози во вкупна вредност над 1,2 милиони евра, а за неколку објекти е донесена и мерка забрана за работа, вклучително и привремено затворање со службен печат.
Според Министерството, најчестите прекршувања се однесувале на неисполнување на минимални технички услови во угостителски објекти, неиздавање фискални сметки, неправилности кај туристички агенции и капалишта, како и рекламирање спротивно на законската регулатива. Забележани се и прекршувања поврзани со користење тутунски производи во затворени простории, иако тоа е забрането со закон.
Од ресорното министерство истакнуваат дека овие активности се дел од напорите за подигнување на квалитетот на туристичките услуги и заштита на правата на туристите.
„Инспекцискиот надзор ќе продолжи, со цел да се обезбеди безбеден, уреден и пријатен престој за сите посетители на Црна Гора“, стои во соопштението.
Регион
Додик официјално се повлече од функцијата претседател

Потпретседателот на Република Српска, Давор Прањиќ (ХДЗ), го потпиша указот за прогласување на Законот за измени на Законот за полиција и внатрешни работи, со што официјално стана јасно дека Милорад Додик му ги префрлил своите овластувања.
Иако безброј пати повтори дека не го признава, како што рече, неуставниот Суд на Босна и Херцеговина и дека нема да ги признае пресудите на тој суд, Додик целосно ја призна пресудата кога ја замени својата едногодишна затворска казна со парична казна со плаќање 36.500 КМ за да избегне одење во затвор.
Лидерот на ХДЗ, Драган Човиќ, неодамна изјави дека Република Српска во моментов нема претседател и дека позицијата треба да се пополни.
„Дотогаш, има одреден пренос на надлежности, што исто така ќе биде објавено деновиве, односно одговорностите за тој дел од извршувањето на работата се преземени, за да може сè да функционира“, рече Човиќ.
Фото: ЕПА