Регион
Турската армија ги бомбардира позициите на курдската РКК
Турските воени авиони ги бомбардирале ноќта кон вторникот целите на забранетата Работничка партија на Курдистан (РКК) во југоисточна урција, првпат по прекинот на огнот кои го прогласија курдските бунтовници во март 2013 година.
Турските воени авиони ги бомбардирале ноќта кон вторникот целите на забранетата Работничка партија на Курдистан (РКК) во југоисточна урција, првпат по прекинот на огнот кои го прогласија курдските бунтовници во март 2013 година.
Ловците на воздухопловните сили на Турција ги нападнале позициите на Работничка партија на Курдистан (РКК) поради тоа што нејзините борци три дена ги напаѓале позициите на турската копнена војска во селото Даглиџа, изјавил за AFP турски безбедносен извор кој барал да остане анонимен.
Операцијата на турската армија е изведена неколку дената откако избувнаа безредија и протести на курдската заедница во цела Турција во која загинаа 34 луѓе и имаше стотици ранет, поради пасивноста на Анкара во однос на офанзивата на џихадистите од Исламската држава кои се закануваа со заземање на курдскиот град Кобане во Сирија на самата турска граница. Имено, Турција одбива да го отвори единствениот коридор за пристап до овој град за курдските доброволци кои сакаа да им помогнат на бранителите на Кобане.
Историскиот лидер на курдските сепаратисти Абдулах Оџалан година се наоѓа во затвор на островот Имрали јужно од Истанбул, се наоѓа во изолација откако беше уапсен и грабнат од припадниците на турските тајни служби во Кенија во февруари 1999 година. Во јуни истата година, тој беше осуден на смрт за тероризам и предавство и затворен на островот во Мраморно Море. Казната подоцна под притисок на меѓународната заедница беше заменета со доживотен затвор без право на помилување.
Меѓутоа, Оџалан од октомври 2012 година води преговори чијашто цел е ставање крај на 30-годишните судири меѓу турските безбедносни сили и курдските бунтовници во кои загинаа повеќе од 40 илјади луѓе. Во согласност со планот, PKK официјално прогласи прекин на огнот од 21-ви март таа година, кога се прославува курдската Нова година. Повлекувањето на курдските милитанти од турската територија кон палнината Кандил во северен Ирак требаше да заврши на 15-ти август 2013 година. Наведениот датум зависеше од тоа дали Турција ќе ги усвои реформите со коишто ќе гарантира поголеми права за курдското малцинство, коешто според процените го има околу 15 милиони, што претставува 20 отсто од вкупното населени на Турција коешто брои 76 милиони луѓе. Курдските борци ја прекинаа таа оепрација пред една година, оценувајќи дека владата во Анкара не ги одржала ветувањата за реформите во полза на курдското малцинство.
Тензиите меѓу двете страни нагло повторно избувнаа со офанзивата на џихадстите врз Кобане (Ајин ал-Араб, на арапски). Оџалан неодамна предупреди дека паѓањето на Кобане би претставувал крај на мировниот процес и ја повика турската влада да преземе иницијатива во однос на тој проблем./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Автобус изгоре на автопат кај Солун, патниците навреме евакуирани
Пожар избувна рано утринава во градски автобус што сообраќал на линија во предградието Синдос во Солун, во северна Грција, јавува „Катимерини“.
Пожарот настанал додека автобусот се движел по автопатот Патра–Атина–Солун–Евзони. Сите тројца патници и возачот навреме го напуштиле возилото, додека автобусот целосно бил уништен од огнот.
Противпожарната служба интервенирала за гаснење на пожарот и спроведува истрага за причините за инцидентот.
Фото: илустрација (Depositphotos)
Регион
Бомба фрлена врз куќата на Здравко Чолиќ во Белград
Доцна синоќа беше фрлена бомба врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ во белградската населба Дедиње.
Полицијата и дежурниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград се на местото на настанот, а истрагата е во тек, пренесуваат медиумите во регионот.
Деталите, според написите, засега не се познати, но според извештаите никој не е повреден во експлозијата, но е причинета голема материјална штета, пишува „Телеграф“.
Пејачот бил во куќата
Полицијата веднаш ги блокирала приодите кон куќата по приемот на пријавата.
Припадници на Министерството за внатрешни работи спроведуваат истрага, а форензички експерти собираат докази и ги прегледуваат снимките од безбедносните камери за да го идентификуваат сторителот, пишува медиумот.
Во моментот кога била фрлена бомбата, Чолиќ, неговата сопруга и помладата ќерка Лара биле во вилата.
Според Телеграф, тие спиеле во моментот на експлозијата, а звукот ги разбудил.
Фото: ЕПА
Регион
Фалсификуваните пари за Балканот и ЕУ најчесто доаѓаат од Романија
Најголемите количини фалсификувани пари што пристигнуваат на Балканот и во земјите на Европската Унија потекнуваат од илегални фабрики во Романија.
Криминалните групи ги набавуваат фалсификатите по цена од околу 20 отсто од вредноста на оригиналниот новац, што значи дека за еден милион евра лажни пари се плаќаат околу 200.000 евра.
Според наводите, во Романија се фалсификуваат евра, кувајтски динари и американски долари, додека британската фунта се смета за најтешка за фалсификување.
Членовите на овие групи често се претставуваат како Италијанци, Арапи, Грци или Чеси, а меѓу нив има и криминалци од просторот на поранешна Југославија. Тие преку огласи бараат недвижности, луксузни автомобили, јахти, скап накит, уметнички дела и други вредни предмети.
Средбите најчесто се организираат во градови на северот на Италија, а како алтернативи се користат и градови во Франција, земјите на Бенелукс или Шпанија. Криминалните групи дејствуваат во поголем состав, со цел да ѝ го отежнат работењето на полицијата, пренесе Танјуг.

