Регион
Турската авијација првпат ги нападна џихадистите
Турското воено воздухопловство извело во петокот ноќта воздушни удари на територијата на соседна Сирија врз позициите на џихадистичката група Исламска држава, први во рамките на коалицијата којашто веќе цела година ја предводат САД, објави во саботата турското министерство за надворешни работи.
„Нашите ловци во петокот ноќта започнаа да изведуваат заеднички операции со авионите на коалицијата врз цели на Исламската држава, којашто претставува опасност и за безбедноста на нашата земја“, се истакнува во соопштението.
Сунитска Турција долго време беше обвинувана од своите сојузници дека е наклонета на Исламската држава во заедничката цел да го собори од власт салвитскиот (шиитски) сириски претседател Башар ал-Асад, како и дека замижува на преминувањето преку нејзината територија на оружје и борци за џихадистите.
Анкара кон крајот на јули ја започна „војната против тероризмот“ насочена против забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK) на турска територија и во северната автономна ирачка покраина Курдистан, поради што беше обвинета од Курдите дека всушност ѝ помага на Исламската држава против којашто нејзините борци имаа успеси на теренот.
Турција и САД конечно на 24-ти август ги договорија начините на кои ќе ја остваруваат воената и техничката соработка против џихадистите.
Пресвртница во односот на Анкара беше атентатот во пограничниот град Суруч од 20-ти јули кога турски џихадист припадник на Исламската држава уби 33 млади курдски активисти, а во истата област беа убиени двајца турски полицајци за што одговорноста падна врз PKK.
„Борбата против терористичките организации е приоритет за безбедноста на Турција. Таа борба решително ќе биде продолжена“, нагласи во соопштението турското министерство.
Опозицијата во земјата и други земји често ја обвинуваат турската исламско-кознервативна влада за пасивноста кон џихадистите на Исламската држава. Турција првиот напад, за кој инаку немаше потврда, го извела во јули врз позиции на џихадистите, а потоа им дозволи на САД за таа намена да ја користат нејзината воздухопловна база Инџирлик./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Непалските работници во Хрватска штрајкуваат поради ниски плати и лоши услови
Неколку часа траеше прекинот на работата во складиштето за овошје на логистичко-дистрибутивниот центар на „Плодине“ кај Кукуљаново, откако непалските работници изразија незадоволство од условите, јави „Индекс“
Синдикатот NSRH информира дека странските работници, најмногу од Непал, реагирале на ниските плати, прекувремената работа и условите. Во објектот работат околу 100 странци и околу 70 домашни работници.
Синдикатот предупреди и на случајот со седуммина непалски работници кои по зачленување во синдикат биле изложени на притисоци и закани со губење на работен и престојувачки статус.
Штрајкот е прекинат откако им било ветено дека во понеделник ќе имаат средба со лице од повисоко раководно ниво.
Регион
Европската комисија повторно бара истрага за можната употреба на звучен топ на протестите во Белград
Европската комисија уште еднаш ги повика српските власти да спроведат брза, транспарентна и веродостојна истрага за наводната употреба на звучен топ за време на антивладиниот протест во Белград на 15 март 2025 година, јави Радио Слободна Европа (РСЕ).
Повикот доаѓа откако европските медиуми повторно го покренаа прашањето, а Политико објави дека српските разузнавачки служби, во соработка со руската ФСБ, тестирале звучни уреди на кучиња во обид да утврдат дали е користено звучно оружје врз демонстрантите.
Во извештајот што српскиот претседател Александар Вучиќ го презентирал, се тврди дека уредите не предизвикале реакции кај животните, па оттука било заклучено дека звучен топ не бил користен на протестот. Руската страна не коментираше за извештајот, пренесе РСЕ.
Во изјавата на Европската комисија се нагласува дека „односите со Русија не можат да продолжат како и досега, особено кога се работи за безбедносни прашања“, и се потсетува дека властите имаат обврска да ги заштитат демонстрантите од повреди и насилство.
Српските власти подоцна признаа дека полицијата поседува звучни уреди, но тврдат дека „никогаш не биле употребени“.
Демонстрантите сведочеле за силни и необични звуци, вибрации и здравствени тегоби по протестот – како вртоглавици, несвестица, покачен притисок и нарушувања на слухот.
Настанот го истражува и Европскиот суд за човекови права.
Фото: ЕПА
Регион
Научник од Ровињ: Сите примероци од Јадранското Море што ги обработив имаа микропластика
Бројот на микропластични честички во Јадранското Море драматично се зголемува, понекогаш надминувајќи половина милион на квадратен километар. Научниците велат дека опасните хемикалии можат да влезат и во синџирот на исхрана преку него, објавува Dnevnik.hr.
Просечната концентрација на микропластика во Јадранското Море е околу 250.000 честички на км². Според мерењата на водите во Ровињ, бројот понекогаш достигнува 600.000.
„Досега, сите примероци што ги обработив имаа микропластика. Нема примерок што го обработив досега, а кој немал микропластика“, рече Виктор Стинга Перуско од Центарот за морски истражувања на IRB во Ровињ.
„Бројот постојано расте бидејќи имаме нов влез, додека се произведува пластика, можеме да бидеме сигурни дека оваа пластика ќе заврши во морето во одреден момент“, додаде тој.
Голем дел од влакната што се невидливи за окото доаѓаат и од домаќинствата. И со секое перење на машината за перење, додаваме уште малку. Влегува во организмите на рибите, а потоа и во нашите тела преку храната.
Влијанието врз здравјето, велат научниците, сè уште не е доволно истражено.
фото/Depositphotos

