Регион
Турската полиција уапси уште еден осомничен за нападите во Париз

Турската полицијата уапси белгиски државјанин од мароканско потекло под сомневање дека за Исламската држава ги избирал местата за нападите коишто во Париз на 13-ти ноември ги изведоа џихадистите убивајќи најмалку 132 луѓе, објави во саботата агенцијата Dogan.
Ахмет Дахмани, 26-годишен, е уапсен во луксузен хотел во крајбрежниот медитерански град Анталија, пренесува агенцијата без да ги наведе своите извори. Антитерористичката полиција го следела Дахмани од неговото слетување на аеродромот до хотелот во квартот Манавгата.
Според извештајот, уште двајца други мажи сириски државјани, 29-годишниот Ахмед Тахир и 23-годишниот Мухамед Верб, исто така биле уапсени на блискиот автопат, под сомневање дека од Исламската држава во Сирија на Дахмани требало да му обезбедат сигурно преминување преку границата и да се сретнат со него. Осомничените кај себе имале лажни пасоши, изјавил полициски извор, пишува електронското издание на весникот Hurriyet.
Претходно седмицава Турција депортираше група од осум Мароканци кои како туристи од Казабланка допатувале во Истанбул под сомневање дека се поврзани со Исламската држава, откако биле добиени информации дека дале лажни податоци за нивното сместување и оти бараат чамец со кој може да се префрлат во Грција. /крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Силно невреме во Србија: ветерот корнеше дрвја, дел од зградите останаа без покриви

Силна бура го погоди Белград и некои делови од Србија во раните попладневни часови. Пет лица се повредени, а предизвикана е голема материјална штета, пренесуваат тамошните медиуми.
Бурни налети на ветер соборија кран на градилиштето во Нов Белград, превртеа приколка за влечно возило, а осамна и видео од Ледино кај Сурчин, каде што бројни станбени згради останаа без покриви. Луѓето во областа според написите, избегаа без никакви последици, а најмалку две згради останаа без покриви.
Републичкиот хидрометеоролошки завод издаде портокалово предупредување, објавува Спутник.
МУП издаде и тревога за ризик од силна бура со дожд, грмежи, голем град и силни налети на ветер.
Регион
Поради екстремните горештини затворен познатиот Акропол во Грција

Поради екстремната топлина што ја зафати Грција, познатиот Акропол во Атина ќе биде затворен за посетители до 17 часот.
Во земјата се очекуваат температури до 42 степени, а издадени се и бројни предупредувања поради зголемениот ризик од пожар, јавува Би-Би-Си.
Грчките власти одлучија повторно да го затворат Акрополот, еден од најпосетуваните археолошки локалитети во Европа, додека метеоролозите најавуваат нови високи температури и многу висок ризик од пожар.
Министерството за култура објави дека Акрополот ќе биде затворен во најжешкиот дел од денот, помеѓу 13 и 17 часот.
„Мерката е усвоена за безбедноста на вработените и посетителите“, соопшти Министерството за култура. Повеќе од 4,5 милиони луѓе го посетуваат Акрополот годишно.
Регион
Силен земјотрес во близина на Крит: ги вознемири жителите на островот

Силен земјотрес денес го погоди подрачјето во близина на брегот на Крит.
Епицентарот на земјотресот се наоѓа 31 километар источно-североисточно од Закрос на овој остров, објавува грчкиот „Прототема“.
Земјотресот се случил во 20:46 часот по грчко време, а сеизмичкиот потрес имал јачина од 5 степени според Рихтеровата скала, според Геодинамичкиот институт.
Длабочината на која се наоѓал епицентарот на земјотресот била 7,8 километри, објавуваат медиумите.