Регион
Турција уапси 15 осомничени во потрага по курдските милитанти
Турската полиција уапси 15 осомничени во операцијата спроведена во покраината Адана, чија цел е да се откријат припадници на милитантното крило на Работничката партија на Курдистан (PKK), јави во неделата турската новинска агенција Anadolu.
Операцијата доаѓа по борбите меѓу безбедносните сили и милитантите PKK на мнозинскиот курдски југоисток кои во последно време ескалираа, откако пропадна двоиполгодишниот прекин на огнот меѓу Турција и PKK во јули минатата година.
Во петокот во мнозинскиот курдски град Дијарбакир во експлозијата на автомобил бомба се убиени 11 луѓе и ранети најмалку 100 луѓе. Нападот се случи откако турските власти ги затворија челниците и парламентарни претставници на главната прокурдска опозициска партија Народна демократска партија (HDP), која владата ја обвинува за поврзаност со PKK.
Турските функционери за нападите ја обвинуваат PKK, која бара автономија за Курдите, иако џихадистичката сунитска организација Исламска држава во саботата ја презема одговорноста за овој напад.
Како што јавува агенцијата Anadolu, упадите на антитерористичка полиција, помогната со хеликоптери, изведени се симултани на различни места ширум градот. Во безбедносните операции во текот на изминатата седмица „неутрализирале“ 28 милитанти на PKK, објави на почетокот од седмицава министерството за внатрешни работи./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

