Контакт

Регион

Убиени двајца турски војници на југоистокот

Објавено пред

Двајца турски војници се убиени, а уште тројца се ранети по детонација на импровизирана експлозивна направа во текот на воена операција во понеделникот во градот Нусајбин на југоисточната провинција Мардин, каде што веќе 45 дена на сила е полициски час.

dobivaj vesti na viber

Петте турски војници биле ранети кога курдските герилци ја активирале експлозивната направа која била сокриена во ров. Повредените војници биле пренесени во државната болница во Нусајбин, каде што двајца им подлегнале на повредите, пренесува електронското издание Hurriyet Daily News‎ повикувајќи се на соопштение на турската армија.

Југоистокот на Турција, главно населен со Курди, од минатото лето е погоден од бранот жестоки секојдневни борби меѓу владините безбедносни сили и припадниците на забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK), откако минатата година пропаднаа преговорите за постигнување примирје по непријателствата започнати со курдското востание од 1980-те во кои досеа загинаа повеќе од 40.000 луѓе.

Челникот на PKK, Чемил Бајик, за британскиот јавен сервис BBС изјави дека герилците се подготвени да ги интензивираат борбите против Турција, бидејќи Анкара сака да ги присили да се предадат. Според него, турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган „ја поттикнува оваа војна“. „Курдите ќе се бранат до крајот, сé додека тоа е турскиот пристап. PKK, секако, затоа ќе ја поттикнува војната“, рекол.

Од друга страна, советникот на турскиот претседател Илхур Чевик отфрли секаква можност за преговори со PKK, велејќи за BBC, дека курдските милитантни „се обидуваат да создадат одвоена држава во Турција, што всушност претставува отцепување“ у додавајќи дека во моментов не постојат никакви шанси за преговори. Според него, претседателот Ердоган ја имаа поддршката за воената кампања.

Воениот челник на PKK, Бајик, пак, тврди дека неговата организација не сака отцепување од Турција, тврдејќи дека „сакаат да живеат во рамките на турските граници на својата земја слободно“, како и дека „борбите ќе траат сé додека не бидат прифатени курдските права“.

Двегодишното примирје меѓу турските сили и PKK пропадна во јули 2015 година, по меѓусебните обвинувања за непочитување на договореното, и од тогаш судирот ескалираше. Турција, и нејзините сојузници од НАТО, ЕУ и САД, ја савија PKK на листата терористички организации. Војската во деловите со курдско мнозинство на југоистокот од Турција воведе полициски час.

Според Меѓународната криза група, повеќе од 340 припадници на турските безбедносни сили се убиени од ланскиот јули, како и најмалку 300 курдски борци и 200 цивили. Неодамна, пак, претседателот Ердоган тврдеше дека во судирите се убиени неколку илјади борци на PKK./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Регион

Вучиќ сака Западен Балкан заедно да влезе во ЕУ; Црногорскиот премиер: Ќе ве чекаме таму

Објавено пред

Премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ, изрази делумна согласност со предлогот на српскиот претседател целиот Западен Балкан да се приклучи кон Европската унија (ЕУ) во исто време, велејќи дека Црна Гора, сепак, ќе „чека“ таму од 2028 година, објави Анадолија.

dobivaj vesti na viber

„Се согласувам дека ЕУ треба да биде крајната дестинација за целиот Западен Балкан. Сепак, ние ќе ве чекаме таму веќе во 2028 година и ве охрабруваме навистина да побрзате и да ги забрзате другите кандидати од регионот“, објави Спајиќ на социјалната мрежа Икс.

Предлогот на Вучиќ за заеднички влез
Српскиот претседател Александар Вучиќ претходно во вторник изјави дека најдобрата опција за ЕУ ​​би била истовремено да ги прими сите земји од Западен Балкан како полноправни членки.

„Ако примите една, две или три од нас, што ќе правиме со останатите? Како ќе ги решиме сите отворени прашања?“, рече Вучиќ на панелот „Европска конкурентност во фрагментирана геополитичка средина“ на форумот BELTALKS во Белград.

Тој додаде дека ќе ја покрене идејата на состанокот со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста. Според него, заедничкиот влез би придонел за стабилноста на регионот и Европа.

фото: Depositphotos

Прикажи повеќе...

Регион

Вучиќ: Нема да го менувам Уставот за да останам претседател, но би можел да станам премиер

Објавено пред

Од

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека нема да го менува Уставот за да остане претседател, но ја остави отворена можноста да стане премиер, за што, вели тој, му е потребна јавна поддршка. Тој додаде и дека е уморен и би сакал некој друг да ја преземе таа работа во иднина, пишува Blic.rs.

dobivaj vesti na viber

Вучиќ на форумот „Beltalks: Економски разговори во Белград“ изјави дека почнал да размислува за своето наследство и нагласи дека промената на Уставот нема да се случи.

„Можам да бидам премиер, но за тоа ви е потребна јавна поддршка, а јас треба да ја донесам таа одлука. И не е лесно за ниту едно прашање. Како што секогаш им велам на моите соработници, не бидете оптимисти, не го потценувајте вашиот противник. Но, јас сум уморен и исцрпен, и би сакал некој друг да ја заврши таа работа во иднина“, рече Вучиќ.

Тој, исто така, се осврна на достигнувањата за време на неговата влада, нагласувајќи ја стабилната економска состојба.

 

фото/депозитфотос

Прикажи повеќе...

Регион

Новиот шеф на БМВ е Србин, роден во Крушевац

Објавено пред

Милан Неделковиќ на 14 мај 2026 ќе ја преземе функцијата претседател на управата на БМВ АГ, одлучи Надзорниот одбор. Тој ќе го замени Оливер Ципсе, кој повеќе од десет години е во управата и од 2019 е на нејзино чело.

dobivaj vesti na viber

Претседателот на Надзорниот одбор, Никола Питер, нагласи дека Неделковиќ има „јасен стратешки поглед, силна способност за реализација и изразено претприемачко размислување“, како и дека знае да ги мотивира луѓето – што го прави важен лидер во трансформацијата на БМВ.

Милан Неделковиќ, роден во Крушевац, Србија, е член на управата од 2019 како одговорен за производството. Во БМВ работи од 1993 година и имал повеќе водечки позиции во Оксфорд, Лајпциг, Минхен и во корпоративната единица за квалитет. Неговиот мандат како претседател на управата ќе трае до 2031 година.

Ципсе, кому мандатот му беше продолжен поради исклучок од старосната граница, ќе се пензионира по собранието на 13 мај 2026 по 35 години во компанијата. Питер ја истакна својата улога во водењето на фирмата низ глобални кризи.

Претседателот на главниот работнички совет, Мартин Кимих, додаде дека Неделковиќ ужива голема доверба меѓу вработените и дека ќе продолжи традицијата на партнерска соработка во компанијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија44 минути

Уште 10 дена за аплицирање за ваучери за ИТ уреди, известува Министерството за дигитална трансформација

Министерството за дигитална трансформација известува дека остануваат уште 10 дена за аплицирање за студентски ваучери. Досега се доделени вкупно 42.606...

Свет1 час

„Европа го подготвува својот крај“: Турски аналитичар предупредува на погрешни стратешки проценки од Брисел

Политиката на Брисел за „исцрпување“ на Русија не само што не ги даде очекуваните резултати, туку, доколку продолжи, може да...

Европа2 часа

ЕУ се согласи да ги намали емисиите за 90% до 2040 година

Европската Унија постигна правно обврзувачки договор за климата со кој емисиите на стакленички гасови ќе се намалат за 90 проценти...

Регион2 часа

Вучиќ сака Западен Балкан заедно да влезе во ЕУ; Црногорскиот премиер: Ќе ве чекаме таму

Премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ, изрази делумна согласност со предлогот на српскиот претседател целиот Западен Балкан да се приклучи...

Европа3 часа

Шефот на украинската армија: Држиме дел од Покровск, но моравме да повлечеме дел од војската

Украинските трупи држат делови од опколениот град Покровск од средината на ноември, но на некои единици им е наредено да...

Свет3 часа

Папата го критикува Трамп за коментарите за Европа

Папата Лав вчера по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски им изјави на новинарите дека Европа мора да игра централна...

Македонија16 часа

(Видео) Владата го усвои предлогот за разрешување на јавниот обвинител Коцевски, соопшти Митева

На денешната редовна 134 владина седница беше усвоен предлогот за разрешување на Љупчо Коцевски од функцијата јавен обвинител со што...

Македонија17 часа

Премиерот слушна, но не сака да зборува за барањето за обесштетување за трагедијата во Кочани: Не би сакал за тоа да коментирам

Премиерот Христијан Мицкоски седнат во првиот ред во Собранието денес ги слушна барањата на родителите на загинатите и повредените во...

Македонија17 часа

Мицкоски: Додека јас сум премиер, нема да никне ниту еден шатор за илегални мигранти

Премиерот, Христијан Мицкоски, ги отфрла наводите на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, дека во Македонија ќе бидат отворени кампови за...

Македонија19 часа

МОН воведува нови стипендии, конкурсите се веќе објавени

По воведувањето на стипендии за стимулирање на средношколци за упис на прв циклус на студии по македонски јазик за тековната...

Македонија19 часа

Василевска бара изземање на Апасиев од претседавање со Анкетната комисија за Кочани

Пратеничката од редовите на ВМРО–ДПМНЕ, Иванка Василевска, на денешната седница на анкетната комисија за заштита на слободите и правата на...

Свет20 часа

Мерц вели дека Путин сака да го обнови Советскиот Сојуз, Кремљ му одговари

Кремљ денес соопшти дека европските тврдења дека рускиот претседател Владимир Путин сака да го обнови Советскиот Сојуз се погрешни и...

Македонија22 часа

(Видео) Филипче: Опасност од мигранти, проблем е Владата на ВМРО-ДПМНЕ и нејзините тајни разговори

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија пред повеќе месеци ја најави опасноста која што не очекува со мигрантите и таа опасност е...

Македонија24 часа

Беким Сали назначен за в.д. претседател на Алтернативата по оставката на Зеќирија Ибрахими

Вицепремиерот и иден министер за европски прашања Беким Сали е избран за вршител на должност претседател на Алтернатива, откако досегашниот...

Европа1 ден

Објавени нови мапи; Русите: Напредуваме на сите фронтови, Украинците се опколени

Рускиот генерал Валериј Герасимов изјави дека руските сили напредуваат по целата фронтова линија во Украина и ги напаѓаат опколените украински...

Свет1 ден

(Видео) „Ти си најнапорната новинарка овде“: Трамп повторно со навреди

Американскиот претседател Доналд Трамп продолжи со своите вербални напади врз новинарките, а откако ги навреди врз основа на нивниот изглед...

Европа1 ден

Украина не се откажува од еден услов, Зеленски подготвува одговор на Трамп

Украина подготвува нов мировен план што ќе го презентира пред Белата куќа, додека борбите на истокот од земјата продолжуваат. Клучниот...

Македонија1 ден

СДСМ со прашање за ВМРО-ДПМНЕ: Дали Британците лажат?

„Откако британските медиуми објавија нови информации со прецизни детали дека се договорени 20 илјади фунти по мигрант и дека Македонија...

Европа1 ден

(Видео) Нов масовен напад: руски беспилотни летала го бомбардираат украинскиот град Суми

Руски беспилотни летала го нападнаа северниот украински град Суми доцна синоќа, што е втор голем напад врз градот за 24...

Свет1 ден

Трамп му се заканува на Мексико со царини

Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини Мексико дека неправедно се однесува кон американските земјоделци и се закани дека ќе воведе...