Регион
УНХЦР: Во Србија 83.000 луѓе бараат азил

Во Србија досега се евидентирани 83 илјади луѓе кои бараат азил, но само 500 поднеле официјално барање до српските власти, изјави шефот на Високиот комесаријат на ОН за беглаци (УНХЦР) во Србија, Ханс Шодер.
Според податоците на УНЦХР, од почетокот на август во Грција пристигнале околу 130.000 бегалци, од кои речиси сите преку Македонија доаѓаат во Србија, изјави претставникот на оваа мисија во Белград Ханс Шодер во вторникот вечерта гостувајќи во емисијата на регионалната телевизија N1.
Најбројни се бегалците од зоните на конфликтот во Сирија со 57 отсто, околу 25 проценти се од Авганистан, илјадници доаѓаат и од Ирак, а најголемиот дел од нив само минуваат низ Србија, појасни Шодер.
Според него, најголемиот притисок е на југот од Србија, во областа на Прешево, но ситуацијата се подобрила откако е отворен центарот за прифаќање на имигрантите и бегалците во кој се евидентираат за добивање помош, храна и упатства за продолжување на патот.
„Тој центар е под голем притисок, со повеќе од илјада луѓе коишто се евидентираат секојдневно во Прешево и ние сме во постојана соработка со државата за да ги унапредиме условите“, рече Шодер. Не сакаше притоа да прогнозира што ќе се случува следните месеци, појаснувајќи дека тоа зависи од Грција и од другите земји во Европската унија.
„Треба да постои правен начин овие луѓе да заминат во земјите на западна Европа, да можат легално да ги минуваат границите, а не илегално, како и да им се овозможи одредена правна заштита“, смета претставникот на ОН.
Притоа ја пофали реакцијата на српската влада. „Одговорот на српската владата е добар, важно е што Србија ги прима на својата територија, ги евидентира и им помага на бегалците, им овозможува медицинска помош“, рече Шодер.
Зборувајќи за Унгарија, оцени дека Будимпешта има право да подигне ограда на својата територија, но исто така и оти има обврска „според националните закони и меѓународното право да ги прима бегалците, да ги пушти на својата територија и да им даде заштита“.
„Оградите не се решение, УНХЦР е против тоа… Тоа не е никакво практично решение и досега се покажа дека тоа не функционери“, истакна Шодер во контекстот на иницијативата на Унгарија за подигнување ограда на границата со Србија за да го спречи напливот од имигранти, како и некои слични иницијативи кои се појавија во Белград во однос на границата кон Македонија./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Млад човек се удави во Улцињ: трагедија во Црна Гора

Млад човек се удави во Улцињ денеска, во попладневните часови, јавуваат медиумите во регионот.
Според написите, давењето се случило на „Големата плажа“.
Засега нема информации за идентитетот на загинатиот.
Според последните извештаи било подигнато црвено знаме бидејќи имало големи бранови во морето.
Регион
Србија им препорачува на граѓаните да не патуваат во Хрватска на почетокот на август

Министерството за надворешни работи на Србија им препорача на граѓаните на Србија да се воздржат од патување во Хрватска во периодот од 1 до 10 август.
Во соопштението Министерството им советува на граѓаните што ќе бидат на територијата на Хрватска во тој период да избегнуваат собири и други јавни собири, кои може да носат ризик од инцидентни ситуации.
Во тој период – на 5 август, Хрватска ја одбележува годишнината од воено-полициската операција „Бура“. Прославата се одржува на денот кога завршила акцијата. Во Србија годишнината од „Бура“ е на 4 август, денот кога почнала, како ден на сеќавање на жртвите и протераните Срби.
Регион
(Видео) Турист падна во базен откога му се откопча падобранот за време на парасејлинг во Црна Гора

Турист доживеа опасен инцидент за време на парасејлинг во Бечичи, откако поради силен ветер му се откопча падобранот.
Снимка од инцидентот кој можел да заврши трагично беше објавена на популарната страница Подгорички времеплов, со опис:
„Туристот имал многу среќа што поминал без повреди. Имено, станува збор за странски државјанин кој во Бечичи останал неповреден кога поради силен ветер се откопчал падобранот што го влечел глисер. Туристот паднал во базен. Станува збор за адреналинскиот спорт парасејлинг.“
View this post on Instagram
Полицијата, според досегашните информации, не добила пријава за овој инцидент.